Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Премиерот Мицкоски меѓу гостите на „Тиквешкиот гроздобер“

– Кавадарци го слави грозјето. Високи гости денеска дојдоа на „Тиквешки гроздобер”,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Кавадарци го слави грозјето. Високи гости денеска дојдоа на „Тиквешки гроздобер”, стопанско – туристичката и културна манифестација, а се одржа и традиционалниот карневал. Во најголемиот лозаровинарски регион во државата, беа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерот за земјоделство Борче Серафимовски, амбасадори и многу други гости од земјава и странство. 

– Добредојдовте во Кавадарци, во срцето на Тиквешијата, во градот на грозјето, виното, традицијата и гостопримството. Вашето присуство е чест за Кавадарци и потврда дека традициите најубаво се слават кога се споделуваат. Тиквешкиот Гроздобер е празник кој ги обединува лозарството и винарството, културата и традицијата, но пред се луѓето – рече претседателот на Совет на Општина, Стојанче Рамов.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека празникот е посветен на лозарите и винарите, но истовремено претставува можност за промоција на градот, регионот и неговите потенцијали.

Реклама

Оваа традиција, рече тој, е длабоко поврзана со животот на Тиквешијата. 

– Генерации наши сограѓани го посветиле својот труд на лозарството и производството на вино, создавајќи препознатлив производ и градејќи го угледот на Кавадарци како вински центар. Нашата обврска денес е да го зачуваме тоа наследство, но и да создадеме услови за негов натамошен развој. Затоа, Тиквешкиот Гроздобер не треба да го гледаме само како традиционална прослава, туку и како можност за промоција на Кавадарци, за развој на туризмот, за поддршка на локалното стопанство и за создавање нови соработки и пријателства – истакна Јанчев.

Тој додаде дека Кавадарци има што да понуди од својата винска традиција и природни убавини, до гостопримство.

– Нашата цел е овие потенцијали да ги претставуваме и промовираме со достоинство, а градот да биде препознаен како место кое вреди да се посети, да се запознае и повторно да се посети. Особено ми е драго што денес овде имаме гости од различни краеви. Вашето присуство е потврда дека ваквите настани се важни за поврзување на луѓето, институциите и градовите. Верувам дека Тиквешкиот Гроздобер и во иднина ќе продолжи да расте и да се развива, притоа зачувувајќи ја својата основна цел – да ја промовира традицијата, културата и економскиот потенцијал на Тиквешијата – рече Јанчев.