Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Локален граѓански дијалог за поинклузивен спорт во Општина Карпош

Во организација на невладината ТАКТ, со поддршка на Секторот за развој од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на невладината ТАКТ, со поддршка на Секторот за развој од Општина Карпош, денеска се одржа настан, односно Локален граѓански дијалог, кој е дел од проектот „FAIR GAME“, кофинансиран од Европската Унија. Настанот се одржа во рамки на Младинскиот центар – Карпош, кој функционира во просториите на спортскиот објект „Наум Наумовски Борче – Партизан“. На средбата присуствуваа граѓани, спортски работници, претставници од невладини организации, вработени од општинската администрација и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски. Во оваа пригода, првиот човек на Општината ги поздрави присутните, при што истакна дека локалната самоуправа и понатаму ќе продолжи да дава силна поддршка на ваквите инклузивни иницијативи, кои ги поттикнуваат младите и заедницата кон креирање на подобри вредности.

– „Нашата цел е отворено да зборуваме, да ги идентификуваме бариерите и да создадеме подобри можности за поголемо и подеднакво учество на жените и девојките во спортот и физичката активност“ – посочи Лукровски.

Во рамки на настанот беше презентиран проектот „FAIR GAME“, по што учесниците формираа неколку работни групи, преку кои развија интерактивна дискусија и понудија конкретни предлози и сугестии. Целта на дијалогот беше на едно место да се обединат граѓаните и спортската јавност со претставниците на локалните институции, граѓанските организации и образовните установи. Заеднички беа разгледани предизвиците и бариерите со кои се соочуваат жените и девојките во спортот, но и можностите за нивно поактивно и рамноправно учество во спортските и физичките активности.

Реклама

Проектот „FAIR GAME“ се реализира во партнерство со повеќе европски организации и институции. Од Македонија, покрај Општина Карпош, партнер е и невладината организација ТАКТ (Together Advancing Common Trust). Во проектот учествуваат и ALDA – European Association for Local Democracy, Provincia di Vicenza и Vicenza Calcio Femminile од Италија; Grad Zagreb и Sportski savez Grada Zagreba (SSGZ) од Хрватска; Município de Macedo de Cavaleiros и Associação de Futebol de Bragança од Португалија; Gradska uprava Zavidovići и ALD Zavidovići од Босна и Херцеговина, како и Komuna e Pejës и Local Democracy Agency од Косово.

Преку ваквите иницијативи, Општина Карпош продолжува да создава простор за отворен дијалог, активно учество на граѓаните и поттикнување на еднакви можности во спортот, со посебен фокус на младите и жените.