Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Селами: Опозициското дејствување не се мери само со декларации, туку со предлози, конкретни барања во интерес на граѓаните

Советниците во рамките на коалицијата Национална алијанса за интеграција во Градот Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советниците во рамките на коалицијата Национална алијанса за интеграција во Градот Скопје секојдневно потврдуваат дека опозициското дејствување не се прави и не се мери само со декларации, туку со предлози, конкретни барања во интерес на граѓаните, институционален притисок, континуирана работа и конкретни резултати. Денес, ви ги претставуваме само дел од резултатите кои се постигнати благодарение на нашата работа, ангажман и посветеност, се вели во соопштението на ДУИ од денешната прес-конференција на координаторот на советниците на НАИ во Советот на Град Скопје, Абдулселам Селами.

Како опозициски советници побаравме корекција на таблата на источниот влез во Скопје, каде што недостасуваше Албанскиот јазик. Градоначалникот јавно го призна овој пропуст и се обврза дека таблата ќе биде коригирана.

Побаравме решение за пешачкиот премин кај Бит Пазар. По направените анализи и консултации, тој ќе биде легализиран и ќе биде опремен со соодветна сигнализација и соодветен семафор.

Реклама

Една од нашите главни битки беше Булеварот „Хасан Приштина“. По нашата реакција и притисок, средствата наменети за овој булевар остануваат во буџетот и нема да бидат пренаменети за други проекти.

Поднесовме седум амандмани за Чаир, Сарај, Горни Нерези, онколошките пациенти, лицата со посебни потреби и училиштата оштетени од невремето.

Исто така, поднесовме амандман за монтажниот паркинг во „Чаирчана“.

Овие амандмани беа изгласани од советниците на НАИ и од одредени советници од други политички партии.

„Вреди“ не гласаше. Немаше глас за проекти во интерес на албанските граѓани!

Кога станува збор за декларации, „Вреди“  е секогаш присутен. Кога е потребен конкретен глас за Чаир и за другите околни општини, „Вреди“ , како и секогаш, го нема. Молчи. Не гласа.

Благодарение на нашата работа се постигна:

* Да се отворат библиотеки во рамки на средните училишта во Сарај и Чаир.
* Да се проектира продолжувањето на водоводната мрежа во Горни Нерези.

Од друга страна, присутна е и една состојба со која треба да биде запознаен секој Албанец во Скопје:

Почитувани,

Од вкупно 139 членови на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија и институции на Градот Скопје, само 23 се Албанци, односно само околу 15%.

Во некои одбори, дури, нема ниту еден Албанец. Нула.

Ова не е правична и соодветна застапеност. Ќе побараме итна корекција на оваа состојба.

Истовремено, ќе го поддржиме секој добар проект, како што се кружниот тек и мостот во Сарај со поврзување кон автопатот.

Ние, како советници на НАИ, ќе продолжиме да го бараме она што им припаѓа на граѓаните – со работа, со предлози и со глас.

Секогаш ќе бидеме блиску до граѓаните, слушајќи го нивниот глас, заштитувајќи ги нивните интереси и работејќи за правични и одржливи решенија.