Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Граѓаните веќе ги чувствуваат промените во Скопје. Од почисти улици, тротоари и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните веќе ги чувствуваат промените во Скопје. Од почисти улици, тротоари и контејнери до побрз и посовремен градски јавен превоз. Градот од ден во ден станува поуреден и пофункционален. Локалната власт, со помош на Владата, ги совладува и надминува старите, наталожени проблеми, со идеја Скопје повторно да стане град, кој ќе функционира и ќе може да одговори на потребите на граѓаните. А и скопјани задоволни. Категорични се дека градот по речиси три децении кома, полека се дига на нозе.

Од денес скопскиот асвалт се чисти со новите 30-тина современи комунални возила, кои треба целосно да ја променат сликата на градот. Новата механизација значи побрзо и поефикасно собирање на отпадот. Се очекува да пристигнат и 3.300те нови контејнери кои ги најави градоачалникот Ѓорѓиевски  а во план се и две претоварни станици – во Ѓорче Петров и Гази Баба. Со нив, отпадот треба да се собира и транспортира поорганизирано, а проблемите со преполните контејнери да станат поретка слика во градот.

„Другиот дел од проблемот беше претоварните станици и губењето време и трошење на ресурси. Во моментов немаме фунцкионални претоварни станици за да го бајпасираме делот Карпош, Ѓорче Петров и дел од Центар. Сега обезбедивме сами како град Скопје како Комунална хигиенам две претоварни станици, една таму ќе биде стационирана и многу побрзо ќе движат процесите во однос на собирањето на отпадот, а другата ќе биде стационирана во Гази Баба, која што ќе го покрива тој регион таму“, изјави Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Скопје

Реклама

Јавниот превоз, кој со години беше една од најголемите слабости на градот, почнува да добива нова слика. Неделава граѓаните за првпат почнаа да го користат градскиот воз. Тоа е само една од алките во низата решенија со кои властите планираат да го модернизираат и унапредат градскиот превоз.

За брзо се очекува да стигнат и електричните автобуси, а се подготвува и БРТ-системот, со кој треба да се овозможи побрзо и поефикасно движење низ градот. Целта е јавниот превоз повторно да стане алтернатива за автомобилите, да се намалат гужвите, да се скрати времето на патување и да се намали загадувањето.