Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата

По барање на Република Косово, Македонија за првпат ангажира државни ресурси надвор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По барање на Република Косово, Македонија за првпат ангажира државни ресурси надвор од својата територија, во рамки на меѓудржавна помош за справување со пожар. Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи во моментов интервенира од воздух во реонот на Хани и Елезит, давајќи поддршка на екипите кои се борат со огнената стихија, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.

-По приемот на барањето, како директор на Центарот за управување со кризи, бев во директна и континуирана координација со сите надлежни институции, заедно со Стојанче Ангелов, раководител на Главниот штаб, со цел навремено активирање на нашите капацитети и обезбедување помош за справување со големиот пожар што ја зафати нашата соседна држава. Ова не е само интервенција за гаснење пожар. Ова е историски момент и потврда на нашата подготвеност да им помогнеме на нашите соседи, но и пошироко, секогаш кога тоа е најпотребно, порача Али.