Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Започна чистењето на вториот дел од Отовичка Река која го полни велешкото езеро „Младост“

Механизацијата е активна на терен и во тек е чистење на коритото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Механизацијата е активна на терен и во тек е чистење на коритото на Отовичка Река, како дел од континуираните заложби за подобрување на животната средина и ревитализација на езерото „Младост“. Како што информираат од Општина Велес, ќе бидат исчистени околу 800 метри од речното корито, во продолжение на делот кој беше опфатен со претходните активности, со што ќе се подобри пропусната способност на реката и ќе се намали наносот што завршува во езерото.

Средствата се обезбедени од Општина Велес и Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, а проектот се реализира преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.

Граѓаните на Велес и околните населени места ја поддржуваат акцијата за чистење на Отовичка река, но бараат освен крајбрежјето целосно да се исчисти и коритото на езерото „Младост“, полно со изумрени алги и фекалии кои се таложат на дното на езерото што  го утврдија и стручњаците од надлежните институции.

Реклама

Воедно велешани бараат што поитно и веднаш да се ископаат ветените бунари за вода со која езерото ќе се полни со свежа вода.

Граѓаните и екологистите велат дека сметаат оти за жал сите овие активности за чистење ќе бидат залудни  ако не се спречи понатамошното загадување на езерото со фекалии од околната новоникната населба кои без  никакво пречистување  се слеваат дирекно во водите  на езерото и секојдневно го загадуваат.

Инаку на брегот на езерото „Младост“  веќе трето лето  стои таблата „Забрането капење“. На ваквата забрана  најмногу реагираат велешани кои секое лето  израснале на велешко езеро „Младост“ пливајќи во претходно чистите и бистри води на езерото, кои последниве години се загадени и забранети за капење.