Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

Лекарската комора на Македонија функционира непречено и покрај тоа што работи без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лекарската комора на Македонија функционира непречено и покрај тоа што работи без легитимно избран претседател. Вчерашните остри реакции на дел од лекарската фела дека Комората веќе два месеца функционира со претседател со истечен мандат и носи нелегитимни одлуки го вознемирија раководството, кое денеска со деманти и барање за извинување од медиумите тврди дека немало ништо спорно во функционирањето. Тврдат дека иако на претседателката ѝ истекол мандатот, одлуките што се носеле биле легитимни, а потписите на лиценците биле валидни.

„Сите активности на Комората – вклучувајќи го издавањето лиценци, организирањето стручни испити, акредитацијата на настани за континуирана медицинска едукација, издавањето потврди и сè друго што е поврзано со јавните овластувања и тековното работење на Комората – се одвиваат континуирано, со редовна динамика и без апсолутно никаков застој. Ниту еден доктор не е вратен и оставен без лиценца. Во однос на неоснованите обвинувања од неколкумина делегати дека Комората „нема легитимитет да издава лиценци“, појаснуваме дека согласно Статутот на Комората и воспоставената правна практика, актуелните органи ги извршуваат своите функции сè до изборот на нови и имаат надлежност за издавање на лиценци и спроведување на тековните активности“, велат од Лекарската комора.

Сепак, дел од членовите на Комората алармираат дека веќе подолг период Комората работи нелегитимно. Тие тврдат дека мандатот на претседателката е истечен од 1 јули, а оттогаш постојано се одложувало свикувањето седница за избор на ново раководство. Оттука и нивните предупредувања дека сè она што се потпишува е спорно и нелегитимно.

Реклама

„Во овој период сите документи потпишани од именуваната госпоѓа се нелегитимни. Проблемот е што можат да западнат во правни проблеми доктори, здравствени установи кои што имале потреба од документи, лиценци или било што во овој период на нелегитимност“, изјави д-р Ленче Нелоска, делегат на Собранието на ЛКМ.

Претседателката чиј мандат е истечен, пак, се правда дека закажувањето на изборите било одложувано поради летните одмори и дежурствата на лекарите.

„Морам да кажам дека има делегати кои бараа објаснувањее зошто тоа не е направено, но има и делегати кои молеа тоа да не биде во летен период кога се сами и дежураат по 24 часа“, изјави претседателката на Комората д-р Калина Гривчева Старделова.

Вчерашната седница на лекарското Собрание помина доста тензично и зад затворени врати. На медиумите не им беше дозволено присуство, иако според член 81 од Деловникот на Собранието, претставниците на медиумите имаат право да присуствуваат на седниците и да ја известуваат јавноста.

Иако вчера се одржа седница, проблемите останаа нерешени. Допрва ќе треба да се избираат нови делегати, кои потоа ќе треба да избираат нов претседател на Комората. Ова, според дел од лекарите, само ќе ја одолжи постапката и ќе ги усложни проблемите кои, како што тврдат, се наталожени низ годините.

Инаку, д-р Гривчева Старделова беше претседателка на Комората во два четиригодишни мандата. Според актуелниот развој на настаните, нејзиниот наследник ќе се знае најрано на крајот на октомври.