Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Пронајдена исчезнатата бугарска државјанка на Шар Планина

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека попладнево е пронајдена  37-годишната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека попладнево е пронајдена  37-годишната бугарска државјанка која синоќа била пријавена за исчезната на Шар Планина и оти е во добра здравствена состојба. 

Таа била дел од група од четири странски државјани упатени кон Титов Врв. Трите лица од групата се вратиле во вечерните часови, при што констатирале дека жената не се вратила со нив и дека немаат информации за нејзината локација. По пријавувањето, веднаш била започната потрага.

– Во потрагата беа ангажирани припадници на специјалните единици од Скопје, ПС Попова Шапка, ЈУНП „Шар Планина“ и ДЗС – ПО Тетово. Беа употребени и два дрона со термални камери, а во потрагата се вклучија и полициски хеликоптер „Бел 212“ и спасувачки тим од САЕ „Тигар“. Денеска во 14:50 часот, исчезнатата жена е пронајдена во село Горна Лешница, во добра здравствена состојба – соопшти ЦУК.