Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Се запали двокатен автобус на ЈСП на Водно-нема повредени

Густ чад на средно Водно. Се запали автобус на ЈСП  кој возел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Густ чад на средно Водно. Се запали автобус на ЈСП  кој возел  на линија број 25. За среќа во автобусот немало патници,  а возачот со својата брза реакција, спречил пожарот да се прошири на околната вегетација. Пожаникарите веднаш по пријавата пристигнале на местото на настанот.

-Во 10 часот и 40 минути добиена е дојава за настанат пожар на автобус на ЈСП на правецот Водно- Скопје веднаш беа пратени две противпожарни возила од центарот во Тафталиџе кои со самото пристигнување затекнале автобус кој бил опожарен во делот кај моторот– истакна команридот на противпожарната бригада Sвонко Тоневски

Во гаснењето на пожарот учествувале  две возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита.

Реклама

– Интервенцијата траеше доста кратко, брзо е изгаснат. Немало патници, немало повредени лица сем материјална штета. Интервенцијата е завршена во 12 часот– истакна команридот на противпожарната бригада Sвонко Тоневски

Според првичните неофицијални информации, причина за пожарот е дефект на елетричната инсталација на автобусот.

Надлежните служби на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги спроведуваат сите неопходни проверки  за точно да се утврди од што пламнал автобусот.

„Ќе биде утврдена точната причина за пожарот, а јавноста навремено и целосно ќе биде информирана. Безбедноста на патниците е и секогаш ќе биде наш највисок приоритет. Нема поважна обврска од грижата за човечкиот живот и затоа секој ваков настан го третираме со највисоко ниво на сериозност и одговорност“,соопштија од ЈСП.

Скопјапни ги вознемири и веста за запален автомобил кај трговскиот центар „Мавровка“.Според информациите од МВР, возилото се запалило во движење и нема повредени. По интервенција на пожарникарите, пожарот е изгаснат.