Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, попладнево направил увид во инфраструктурните активности, кои локалната самоуправа ги презема низ населбата Бардовци во последниве 10 месеци.

-Во таа насока, првиот човек на Општината беше во обиколка на инфраструктурата во рамки на станбениот комплекс „Бахаш“, каде Општина Карпош инвестираше во асфалтирање на нова улична мрежа, рабници и пешачки патеки, фекална и атмосферска канализација и поставување на современо улично осветлување. Оттука, Лукровски се упати кон улица 1687 којашто целосно е асфалтирана, поставени се нови рабници, долж коловозот е направена пешачка патека со бехатон плочки, инсталирана е нова атмосферска и фекална канализација, а при крај се активностите за поставување на ново улично осветлување со штедливи лед – светилки. Градоначалникот на Карпош беше и во обиколка на улица 6А, каде треба да се интервенира со поставување на фекална канализација, соопштија од Општина Карпош.

