Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Прилози

Од Скопје или Охрид до Тел Авив- Македонија бара нова врска со Израел

Скопје или Охрид  директно да се поврзат со Тел Авив, а Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје или Охрид  директно да се поврзат со Тел Авив, а Македонија да стане влезна точка за израелските туристи, компании и инвеститори кон европскиот пазар. Иницијативата за директна авиолинија и  можностите за поголема економска и туристичка размена биле теми на разговор  при официјалната посета на министерот Тимчо Муцунски во  Израел кој е во официјална посета на земјата. Во интервју за израелскиот весник „The Jerusalem Post“, посочи дека воспоставувањето директна воздушна врска, би било значаен чекор за зголемување на туристичката размена, но и за олеснување на деловните контакти меѓу двете земји.

-Една од првите теми за кои разговаравме беше можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Тел Авив и Скопје или Тел Авив и Охрид, кој е нашиот главен туристички центар и град за кој верувам дека секој Израелец би сакал да го посети“, истакна министерот Муцунски.

Додава дека Македонија не се ограничува  само на туризмот. Стратешката положба на земјата, која се наоѓа на крстопатот на европските транспортни коридори 8 и 10, заедно со инвестициите во енергетската инфраструктура, создава услови за привлекување на израелски компании и инвеститори.

Реклама

„-Можеме да бидеме и влезна точка за израелските инвеститори кон европски пазар чиј потенцијал сè уште не е целосно искористен од израелската бизнис-заедница, но и пазар за извоз“, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцински

Инаку Македонија изминатиов период  доби  28 нови директни авио дестинации од двата меѓународни аеродроми во земјата. Од Скопје   сега може да се лета  до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро и Палермо.  А од аеродромот во Охрид новите линии  ќе ги поврзатт  патниците со Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена. Подобрата воздушна поврзаност ќе има  позитивно влијание и врз економијата, бидејќи  им  овозможува на домашните компании полесен пристап до странски пазари и партнери.