Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Прилози

475 загинати и илјадници исчезнати во Непал, Џинпинг нареди итни спасувачки акции

Катастрофалните поплави во Непал однесоа 475 човечки животи, а бројот на исчезнати…

Сподели:
Damaged houses stand precariously near the swollen, debris-choked banks of the Trishuli River after flash floods in Nepal's Nuwakot district on Wednesday, Aug. 26, 2026. (AP Photo/Niranjan Shrestha)

Катастрофалните поплави во Непал однесоа 475 човечки животи, а бројот на исчезнати порасна на 2381 лице. Досега успешно се спасени 1545 луѓе, а повеќе од 100 работници се се уште заробени во тунел на хидроцентрала. Меѓу исчезнатите има голем број туристи од Индија, САД, Велика Британија и Австралија.

„Утрово ми се јави пријател и плачеше. Кажа дека поплавата му ја уништила куќата, тројца членови од фамилијата се спасени, но се уште не можат да го најдат неговиот брат.“, изјави преживеано лице.

Нова опасност претставува и езерото формирано од огромните одрони во близина на границата со Тибет, кое почнало да се прелева преку природната брана, а жителите се упатиле кон повисоки и побезбедни региони. Според досегашните инфромации, езерото има 2,5 милиони кубни метри вода. Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди побрзи спасувачки операции, при што приоритет е евакуација на населението и спречување на нови несреќи во погодениот регион. На терен се укажува помош на повредените, од кои повеќето страдаат од проблеми со дишењето поради задушливата кал и повреди здобиени од удари.

Реклама

„Џинпинг нагласи дека сите напори мора да бидат насочени кон спасување и потрага по исчезнати лица. Преместување и населување на погодените жители, давање приоритет на третманот на повредените и минимизирање на жртвите во најголема можна мера. Фокус на научно спасување за да се спречат секундарни катастрофи.“, изјави Лин Џијан, Портпаролот на Министерството за надворешни работина Кина

Воените инженери користат тешка механизација за расчистување на погодените подрачја, но процесот е отежнат поради оштетената инфраструктура. Ризикот од нов бран катастрофи е висок поради нестабилниот терен и најавите за дожд за наредните денови.