На СДСМ и пречат Дата центри, медиуми, инвестиции во секторот на високата технологија. Од бихаќка обвинуваат дека европските интеграции се стопирани, дека земјава е во прегратките на „српскиот свет“ и дека е далеку од патот што води кон Брисел. СДСМ обвинува и за катастрофа во земјоделието, здравството и индустрискиот сектор. Може да слушнат и пораки дека актуелната власт не знае да се справи со пожарите, а претходно и со обилните врнежи.
Венко Филипче и неговата СДСМ секојдневно ја критикуваат работата на Владата, но кога на дневниот ред ќе дојдат предвремените избори, тогаш социјалдемкротатите не ги бараат, со образложение дека не сакаат на власта да послужат како алиби за распишување на парламентарни избори во Македонија.

„Не може секој ден да ја критикувате работата на Владата, а кога ќе се спомене прашањето на предвремени избори да излезете со тврдењето дека не сакате да бидете алиби на владата. Всушност тоа не е ништо друго туку сао еден изговор. Ако СДСМ навистина мисли дека ова што го работи владата не чини тогаш слободно може да побара избори и да ја побара довербата на граѓаните“, вели професорот Кекеновски.
Професорот Кекеновски смета дека опозицијата секогаш и во секој момент треба да биде посготвена да оди на избори и да има подготвено алтернатива на актуелните политики, бидејќи само така ќе може да ја освои власта.
„Навистина е катастрофална флоскулата дека Владата е катастрофална, ама никако да посакате предвремени избори. Не може изборите да ги барате само кога ви одговараат, кога ќе бидете сигурни дека ќе ги добиете, да се непотребни кога не ви одговара политичкиот момент. Опозицијата постојано мора да има алтернатива на актуелната политика и тоа постојано да го претставува пред граѓаните“, додава Кекеновски.
Ставот на Владината коалиција е дека мандатот даден од граѓаните треба да се одработи до крај, но доколку опозицијата побара предвремени избори, тогаш владејачките партии се волјни тоа да го овозможат.

