Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Министерот за земјоделство Серафимовски во Чешиново – Облешево се сретна со преработувачите и производителите на ориз

Во пресрет на почетокот на жетвата на оризот во регионот на Кочани,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на почетокот на жетвата на оризот во регионот на Кочани, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска престојуваше во Општина Чешиново-Облешево, при што заедно со градоначалникот Јорданчо Костадинов оствари средба со претставници на дел од фабриките за преработка на ориз и со земјоделците од Општината.

На средбата, според информации од Општината, се разговарало за состојбата со залихите на ориз и  оризова арпа, трошоците и производната цена, очекувањата од претстојната реколта, како и за откупната цена на оризовата арпа.

Серафимовски, на оваа средба истакнал дека оризопроизводството има стратешко значење за Кочанскиот регион и претставува важен дел од локалната економија и егзистенцијата на голем број семејства.

Реклама

-Наш приоритет е да создадеме услови за одржливо и профитабилно производство, сигурен пласман и фер вреднување на трудот на оризопроизводителите – порачал министерот Серафимовски.

 Дијалогот со земјоделците и преработувачите на ориз ќе продолжи, со цел решенијата да се носат заеднички и врз основа на реалните состојби на терен, најавил министерот Серафимовски.