Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Извештаите за работата на обвинителствата и Советот на ЈО за 2025 поминаа на собраниска Комисија, кадровскиот дефицит и заостанувањето предмети во фокусот на расправата

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ги разгледа и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ги разгледа и проследи на понатамошно постапување во Собранието Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители и годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за изминатата 2025 година.

На дневен ред на 81. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците беше и извештајот на Судскиот буџетски совет за реализација на судскиот буџет за 2025 година и годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2025 година, но не беше разгледан поради неприсуство на претставник. 

На почетокот на седницата пратеничката Соња Мираковска упати јавна опомена и апел до Судскиот совет поради отсуството на нивни претставници оценувајќи го таквиот однос кон Собранието како недоличен. Претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, информира дека забелешките ќе бидат пренесени до Судскиот совет, а разгледувањето на нивните точки е одложено до обезбедување услови за присуство. Тој појасни дека доцнењето со разгледувањето на извештаите, кои во Собранието пристигнале уште во април, се должи на приоритетот што бил даден на донесувањето на клучните реформски закони и Планот за раст.

Реклама

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими, образложувајќи го Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители за 2025 година, оцени дека и покрај сериозниот дефицит на обвинителски и административен кадар, институцијата успешно ги извршила законските надлежности.

Според податоците од извештајот, заклучно со крајот на 2025 година, функцијата ја вршеле 194 јавни обвинители од предвидените 261, што претставува недостиг од 24 проценти во основните и 30 проценти во вишите обвинителства.

– Советот и оваа година укажа дека несразмерноста меѓу обновувањето на јавнообвинителскиот кадар и реалните потреби претставува најголем проблем за работата на Обвинителството, што води кон неажурно постапување на поголем број претставки. Од потребните 47 обвинители од осмата генерација, беа избрани само 29, бидејќи во моментот немаме нови кандидати во обуката за судии и јавни обвинители. Ова од причина што во Судскиот совет отвори оглас и другите кандидати беа избрани за судии – појасни Бесими. 

Советот евидентирал и 152 претставки од граѓани, главно за времетраењето на постапките и квалитетот на одлуките, а биле спроведени и дисциплински постапки во кои на еден виш јавен обвинител од Скопје му престанала функцијата поради тешка дисциплинска повреда.

Јавниот обвинител Златко Биковски, кој го образложи годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства за 2025, изјави дека генералниот заклучок е дека сите јавни обвинителства во Македонија во текот на 2025 година работата ја извршувале законито и стручно, но со недоволна и релативно постигната ажурност во постапувањето. 

Биковски посочи дека и покрај зајакнувањето на обвинителскиот кадар за околу 10 проценти во 2025 година, ефикасноста во работењето останала на исто ниво како и претходната година. Како основни причини за ваквата состојба, покрај надворешните фактори како недостигот на финансиски средства, просторни услови и опрема, се посочуваат и слабости во внатрешната организација на институцијата.

Според презентираните податоци, вкупниот обем на работа во 2025 година изнесувал околу 32.000 лица опфатени во пријави, од кои 11.000 биле пренесени како незавршени од 2024 година, а 21.000 биле новопримени. На крајот од 2025 година повторно останале нерешени предмети за 11.000 лица, при што кај самите јавни обвинители се наоѓаат предмети за 5.500 лица, додека за останатите 4.500 лица се чекаат докази, вештачења и податоци од други државни и приватни институции.

-Јас не верувам дека тие 5.500 лица се пријавени во декември месец. 4.500 — ги генерализирам бројките — се лица по кои јавните обвинители постапуваат, меѓутоа во предистрага, во претходна постапка, бараат од други институции и државни органи, вклучително и приватни и така натаму, вештачења, собирање на докази и известувања, и не ги добиле одговорите за да можат да одлучат до крајот на 25-та. Меѓутоа, бројка од 5.500 ние тоа треба да го анализираме и ќе го анализираме – изјави Биковски.

​Главното жариште на заостатокот во постапувањето е лоцирано во Основното јавно обвинителство – Скопје, каде како клучен проблем за ова обвинителство се наведува законската пречка според која обвинителите-почетници во првите години смеат да постапуваат само во скратени постапки за дела со казна затвор до 5 години, што го префрла товарот за посложените предмети и истраги врз помал број искусни обвинители. Скок на ефикасноста во ова обвинителство се очекува дури во 2027 година.

Пратеникот Малиша Станковиќ, осврнувајќи се на извештајот, посочи дека го очекувале лично јавниот обвинител Ненад Савески, и изрази надеж дека ќе присуствува на разгледувањето на пленарна седница, кога ќе може и повеќе да подебатираат. 

Станковиќ упати сериозни критики до Обвинителството, оценувајќи дека иако во извештајот за 2025 година се признаваат одредени слабости во функционирањето, институцијата покажува неефикасност и двојни аршини во постапувањето. Тој посочи дека Јавното обвинителство не одговорило на ниту еден од осумте предмети доставени од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и дека од измените на власта во 2024 година нема ниедно процесирано дело за висока корупција против поранешни функционери од СДСМ.

​-Во периодот од 2018 до 2020 година истото Обвинителство процесираше над 2.300 обвиненија против лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ и Социјалистичката партија со помал буџет и помалку обвинители. Сега ги чекаме предметите да застарат во 2027 година, а институцијата не постапува ниту по пријавите од министерствата ниту по извештаите на Државниот завод за ревизија – изјави Станковиќ, повикувајќи на еднаков аршин и совесно вршење на функцијата за сите граѓани без разлика на партиска или верска припадност.

На неговите забелешки реагираше пратеничката Соња Мираковска, која го обвини колегата за директен и класичен притисок врз обвинителите од собраниската говорница.

-Криминалот нема ниту боја, ниту политичка партија, ниту верска определба. Обвинителството треба да се оценува по ефикасноста на функционирањето за сите кривични дела, а не по тоа кои политичари ќе ги уапси за да задоволи одредени политички апетити – истакна Мираковска.

И покрај упатените критики, Комисијата го поддржа извештајот, очекувајќи подлабока дискусија со Државниот јавен обвинител за време на пленарната седница.