Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Над 350 тела пронајдени во Непал по катастрофаслните поплави

Над 350 загинати и 1500 исчезнати лица по разорните поплави во Непал.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 350 загинати и 1500 исчезнати лица по разорните поплави во Непал. Катастрофата која однесе голем број човечки животи, настапи откако огромна количина на кал и камења се урнаа во хималајската река. Најтешко погодени се регионите околу граничното подрачје Ѓиронг. Затрупани се цели села, уништена е целата инфраструктура на градот, улици, мостови и домови. Според досегашните информации, меѓу исчезнатите има 127 лица од Непал, 178 туристи од Индиа, 65 американци, 35 од Австралија и 33 од Велика Британија.

„Видов како водата однесе десетина возила во кои имаше луѓе. Беше ужасно! Тука живеам веќе две децении и до сега вакво нешто не се случило.“, вели преживеан од несреќата.

Кинеските власти предупредуваат дека се уште постои опасност на погодените подрачја – се очекуваат втор и трет бран на поплави. Голема загриженост претставува и новоформираното езеро кое се наоѓа на непалската страна од граничниот премин Ѓиронг. Езерото веќе содржи околу два милиони кубни метри вода, која почнала да се прелева, а веќе најавените врнежи за наредните неколку дена ќе придонесат уште поголем ризик од пукање на природната брана. Кинеската армија предупредува и дека околните планински падини можат да се срушат во секој момент и да предизвикаат нови лизгања на земјиштето.

Реклама

„Утрово ми се јави пријател и плачеше. Кажа дека поплавата му ја уништила куќата, тројца членови од фамилијата се спасени, но се уште не можат да го најдат неговиот брат.“, изјави преживеано лице.

Иако првично се сметаше дека катастрофата настанала поради земјотрес, анализите покажуваат дека вистинската причина е масивно свлечиште кое предизвикало тресење на земјата. Потрагата по преживеани е во тек. Хеликоптери се користат за пребарување на теренот, но и за доставување на итна помош. Стручните тимови веќе подолго време ги следат опасностите во Хималаите, поврзани со климатските промени.