Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Општина Илинден започна со изградба на капела во рамки на локалните гробишта во Марино

Општина Илинден започна со изградба на капела во рамки на локалните гробишта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден започна со изградба на капела во рамки на локалните гробишта во месноста викана Јака, во населеното место Марино. Станува збор за значаен инфраструктурен проект, кој за првпат обезбедува објект од ваков вид на територијата на oпштина Илинден, информираат од локалната самоуправа.

Новата капела, како што посочуваат, ќе придонесе за подобро уредување и функционално унапредување на просторот на локалните гробишта, обезбедувајќи соодветни и достоинствени услови за верските и комеморативните обреди.

Увид во градежните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека објектот ќе располага со капела за изложување на покојникот, комора со четири фиоки за чување на покојниците, два тоалета, административна и помошна просторија, како и свеќарница.

Реклама

-Просториите се проектирани така што истите обезбедуваат соодветни услови за прием, чување и достоинствено испраќање на покојниците, како и за извршување на неопходните придружни и административни работи – истакна градоначалникот Георгиевски.

Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден одговара на конкретните потреби на локалното население и создава подобри услови за семејствата во ваквите особено тешки моменти. Изградбата на капелата е дел од континуираните активности на Општина Илинден за реализација на капитални и комунални проекти насочени кон подобрување на јавната инфраструктура.