Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Пет собраниски комисии, ќе ги разгледуваат правосудните извештаи, стратегиите за безбедност и кадровските прашања

Во Собранието денеска ќе заседаваат пет собраниски комисии, на чиј дневни редови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат пет собраниски комисии, на чиј дневни редови се повеќе предлог-закони, стратегии и точки поврзани со избор и именување на функционери, како и извештаи за работата на правосудните институции.

Комисијата за одбрана и безбедност ќе ја одржи 49. седница, на која единствена точка на дневен ред е предлог-националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот 2026 – 2030 година.

Закажана е и 190. седница на Законодавно-правната комисија, на чиј дневен ред се предлог-националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026 – 2030 година, како и предлог-закони за ратификација на конвенцијата за Бирото на Европската конференција за цивилно воздухопловство, протоколот со Литванија за спроведување на спогодбата за преземање лица што престојуваат без дозвола, како и договорите со Словенија и Португалија за соработка во областа на одбраната.

Реклама

Комисијата ќе го разгледува и предлог-законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции, во прво читање, како и Ннционалната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026 – 2030 година.

Ќе заседава и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. На дневен ред на 81. седница се извештајот на Судскиот буџетски совет за реализација на судскиот буџет за 2025 година, годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2025 година, годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители за 2025 година и годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2025 година.

Закажани се и 60. и 53. седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на кои, меѓу другото, ќе се утврдуваат предлог-листа за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата и предлог-одлука за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, како и ќе се утврдува предлог-одлука за именување член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

На дневен ред се и предлог-одлуки за измени во составот на собраниските комисии и пратеничките групи за соработка со парламенти на други држави, како и за разрешување и именување на претседатели и членови на одборите за доделување на државните награди „Мајка Тереза“, „22 Ноември“ и „Св. Климент Охридски“.