Оптимистички податоци. Од 9 август до денес нема нов детектиран случај во Драчево кое беше најголемото жариште на Западно-нилска треска. Според здарвствените власти пикот е поминат, но претпазливоста останува. Значително поголемиот број случаи годинава во однос на истиот период лани не може едноставно да се објасни, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо, вели министерот Клековски.
-Ние имаме состојба каде оваа година имаме повеќе односно се приближуваме на вкупниот број на претходни случаи со 5 смртни случаи во претходните години. Јас го спомнувам примерот на 2017 година кога на европско ниво има колку претходните седум години– истакна министерот за здравство Сашо Клековски
Во моментов на Клиниката за инфективни болести се лекуваат 21 пациент од кои 3 се сомнителни, а 6 се на механичка вентилација . До сега се ргистрирани 53 случаи на Западно-нилска треска кои прележале или се сомнителни на вирусот.

-Од овој вкупен број на 53, 52 се со нввроинвазивна форма, еден е без невроинвазивна форма и тој е межу тие што се сметаат за излекувани и отпуштени. Од овие 52 со невроинвазивна форма 51 биле третирани или сеуште се третираат во Клиниката за инфективни болести– истакна министерот за здравство Сашо Клековски
Според Клековски епидемијата спласнува поради вонредните дензинсекции во ризичните подрачја, особено прскањето од земја. Во иднина се планира да има само земјени прскања, зошто резултатите се поголеми. За точно и навремено информирање на јавноста отворена е и страна на Министерството за здравство каде во соработка со ИјЗ, ЦЈЗ, Инфективната клиника ќе бидат и достапни сите нови информации во однос на вирусот. До лекарите се апелира за пациентите кои примаат имуно терапија да се детектира болеста со повеќе теста бидејќи може да се случи да се покаже дека се нагативни на вирусот. Остануваат препораките до граѓаните да се заштитат од комарците и доколку почувствуваат симптоми на вирусот веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

