Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Пиромани намерно го подметнале пожарот во депонијата „Мелци“ во „Кавадарци“ за да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пиромани намерно го подметнале пожарот во депонијата „Мелци“ во „Кавадарци“ за да предизвикаат еколошка катастрофа во градот. За градоначалникот Јанчев нема дилеми дека огнот во депонијата е подметнат и побара од полицијата и надлежните органи итно да ги најдат и казнат пироманите. На разговор бил повикан и веќе дал изјава чуварот на депонијата, кој мистериозно го напуштил работното место пред самото избивање на пожарот. Тој веќе е суспендиран од работа.

„Со оглед на тоа дека вчера чуварот неодговорно го напуштил местото некаде во 13 часот, а пожарот избувнува околу 15 и 30 тоа ни дава за право да мислиме дека во тој период се има случено нешто што дошло до избувнување на пожарот. Истрагата е во тек, видео надзорот е одземен од соодветните институции како рисивер. Чуварот си има дадено изјава во полиција, во меѓувреме е суспендиран од работа и очекувам од видео надзорот и исказите на чуварот да излезат некакви информации и потенцијлни сторители на самиот пожар“, изјави Митко Јанчев – градоначалник на Кавадарци.

Според Јанчев и денот на избувнување на пожарот не бил случајно избран. Во Кавадарци вчера се одржа караванот по повод 35 години независност на Македонија, па можело лесно граѓаните да бидат изложени на опасниот чад, кој за среќа дувал во спроитвен правец од градот.

Реклама

„Вчера се случи караванот 35 години од држава Македонија којн беше прекрасен настан со 20 изведувачи и мислам дека можеби сето тоа беше нарпавено за самиот настан не се одржи, но имавме среќа што ветерот ни одеше во прилог, тој дуваше наспроти депонијата не накај градот, затоа што ако тој токсичен чад влегуваше накај градот мислам дека ниту еден жител да излезе на отворено“, изјави Митко Јанчев – градоначалник на Кавадарци.

Пожарот во депонијата е ставен под контрола, а на терен се ангажирани булдожери, багери и камиони. Според проценките ќе бидат потребни околу 7.000 до 8.000 кубни метри земја за целосно прекривање на депонијата и спречување на дотокот на кислород до жариштата. Пожарот во „Мелци“ е само едно од огнените жаришта во земјава. Според Центарот за управување со кризи до 13 часот на територијата на Македонија се регистрирани 14 пожари на отворен простор. Пет се активни, три се под контрола, а шест се изгаснати.

Активни остануваат пожарите во скопскиот регион, во Студеничани и Зелениково. Гори и во регионот во Гостивар и Македонски Брод.

На терен и натаму остануваат екипите кои се борат со огнот, додека надлежните треба да утврдат дали зад пожарот во „Мелци“ навистина стои човечки фактор и кој би бил одговорен за неговото предизвикување.