Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Мицкоски до Филипче: Се согласувам дека не сме исти и среќен сум поради тоа

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека првпат се согласува со претседателот на СДСМ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека првпат се согласува со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека не се исти и оти тој никогаш не би сакал да биде ист со куклата на луѓето кои, како што рече, ја уништиле и ограбиле Македонија.

– Јас можам првпат да се согласам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето што ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што, еве првпат можам да се согласам дека не сме исти. И, точно, граѓаните може да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ, кое го води куклата на оние што ја уништија и ограбија Македонија, и Владата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дадена од претседателот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, дека не се исти.

Во врска со изјавите на раководството на СДСМ дека не сакаат да бидат алиби за предвремени избори, Мицкоски истакна дека опозицијата не знае што сака и постојано тактизира.

Реклама

– Го знаете и нашиот став и ставот на Владата, а тој е дека нејзиниот мандат е четири години. Од она што можам да го видам, опозицијата бледо тактизира кога станува збор за предвремени избори или за меѓуизбори. Но, тоа е што е. Нашиот мандат како Влада е четири години и наш приоритет се граѓаните, интересот на граѓаните и проектите и реформите што треба да ги испорачаме и кои граѓаните ги очекуваат од Владата и она што го испорачуваме во изминатите 25-26 месеци откако оваа Влада е избрана – рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по увидот во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).