Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Не сме исти, ниту во најлошиот сон не би сакал да бидам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не сме исти, ниту во најлошиот сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ, порача премиерот Христијан Мицкоски. Вели дека прв пат се согласува со лидерот на социјалдемкократите, кој претходно порача дека тој и неговите најблиски, не биле исти со актуелната власт во државава. Мицкоски е среќен што ситуацијата е таква, бидејќи не сакал да се споредува со луѓето кои што ја уништиле и ограбиле Македонија. Вели има голема разлика меѓу куклите во СДСМ и и актуелната Влада која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето, кои што ја уништија и ограбија Македонија, ни во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што за прв пат можам да се сложам со констатацијата на СДСМ дека не сме исти и точно граѓаните можат да направат разлика, меѓу ова раководство на СДСМ, кое што го води куклата на  оние кои што ја уништија и ограбија Македонија и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Реториката на СДСМ периодов единствено се состои од неаргументирани и неосновани критики за работата на власта. Последно што Филипче тврди е дека бил подготвен за избори, ама не сака да учествува. На неколку прес конференции реши да повторува дека немал да биде алиби на васта за евентуално изборно соочување. Власта си имала две третини во Собранието, па сама нека си распишела избори, не им требала СДСМ. Според Мицкоски граѓаните не сакаат предвремени избори, бидејќи на оваа Влада и дале доверба и четиригодишен мандат, за да ги исполни ветените проекти.

Реклама

-Ставот на Владата е дека мандатот на оваа Влада е четири години. Од она кое што можам да видам од опозицијата е бледо тактизирање, кога станува збор за предвремени избори или срамежливи изјави. Но, тоа е што е, нашиот мандат како Влада е четири години и наш приоритет се граѓаните и интересот на граѓаните, и проектите и реформите кои што треба да ги испорачаме и кои што граѓаните ги очекуваат од Владата. И она што го испорачуваме изминативе 25-26 месеци, откако оваа Влада е избрана, изјави Мицкоски.

Филипче изворот на проблемите внатре во партијата, го бара секаде освен во своите редови. Во обид да го оправда се поизвесниот и нов катастрофален пораз кои ќе им следи на избори, повторно реши вината за лошиот личен и партиски рејтинг да ја бара кај сите, освен кај самиот себе и своите најблиски соработници. Повторно меѓу главните виновници ги најде и медиумите кои не ги контролира.

Матеја Петровски