Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Горивата во Македонија остануваат поевтини за половина евро од оние во соседството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Горивата во Македонија остануваат поевтини за половина евро од оние во соседството и покрај ценовниот шок. Граѓаните од околните држави продолжуваат масовно да точат кај нас, а неколку аеродроми во регионот се снабдуваат со реекспорт од земјава, бидејќи иако сите купувале од исто место, во Македонија цените се најниски. Премиерот Мицкоски вели дека снабдувањето е редовно, иако конзумот пораснал за 50 до 60%.

„Од 30 до 50 центи по литар е поевтино од сите држави во регионот: Грција, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и останатите, без разлика дали станува збор за безоловниот бензин или за дизелот. Кога ќе ја оставиме политиката на страна и ќе ги погледнеме реалните бројки, доаѓаме до заклучок дека, иако сите купуваме нафта од исто место, граѓаните во Македонија плаќаат најниска цена, па и луѓето од соседните земји доаѓаат тука да полнат резервоари“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Освен пониските акцизи, Владата размислува да го намали и ДДВ-то на горивата за дополнително да го заузда скокот во цените, но внимателно ќе ги креира новите мерки. Откако дизелот достигна 101,5 денар, а бензините 93 и 95 денари по литар, Мицкоски вели дека постојано се прават планови за заштита на стандардот на граѓаните. Се уште не се знае ниту дали снабдувачот ОКТА, повторно ќе има попуст кон малите трговци со деривати. Сите прогнози покажувале дека нафтената криза ќе потрае подолго од првично предвиденото.

Реклама

„Да, планираме, имаме јасна стратегија, имаме јасен план. Според нашите анализи ова ќе потрае, може да потрае и неколку години оваа состојба што се случува во Заливот, така што внимателно ги повлекуваме чекорите за да не ја нарушиме макроекономската стабилност во државата, а од друга страна да обезбедиме убедливо најевтини горива за граѓаните и за индустријата во Македонија“ – рече Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Во однос на критиките на опозицијата во однос на инфлацијата и економските политики на Владата, Мицкоски вели дека и во ваква глобална криза на земјава и оди добро. Во јули инфлацијата се сведе на 2,3%, што е на дното во регионот и драстично помалку споредено со порастот на цените од 16% во 2022-ра, кога на власт без СДСМ и ДУИ.