Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче решил модуларните болници да бидат поставени и покрај сите институционални пречки и неисполнети услови

Модуларните болници за време на ковид кризата во земјава биле поставени спротивно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Модуларните болници за време на ковид кризата во земјава биле поставени спротивно на низа предупредувања и без исполнување на сите законски и технички услови, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поконкретно за модуларната болница во Тетово, каде во пожарот трагично загинаа 14 лица, тогашниот економски директор на болницата, Артан Етеми, до последен момент одбивал да ја прими и пушти во употреба болницата. Подоцна тој беше осуден на една и пол година затвор.

Катастарот одбивал да ги запише модуларните болници бидејќи биле набавени како стоки, а немало извештај од надзор согласно член 74 од Законот за градење. Светска банка, пак, барала одобренија за поставување и употреба на модуларните болници и извод од Катастарот како доказ дека проектот е одржлив.

Реклама

Такви одобренија не можеле да бидат издадени ниту од општините, ниту од Министерството за транспорт и врски, бидејќи не била запазена процедурата и одредбите од Законот за градење.

Значи, сите институционални и стручни предупредувања биле тука. Сите се противеле, но Филипче сепак одлучил модуларните болници да бидат поставени.

За ова беше оформен предмет кој со години стоеше во фиока. А кога конечно дојде моментот за одговорност, предметот заврши со тоа што Филипче беше спасен од кривична одговорност.

Вака изгледаат инсталациите на СДСM и ДУИ во судството и обвинителството. Во овој случај, тоа најдобро се гледа преку ликот на Ислам Абази, кој сега пред заминување си ја доработува задачата за која беше поставен во време на СДСM и ДУИ и продолжува да им служи на Заев, Филипче и Ахмети до последно.