Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Прилози

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Мигранти во Македонија, па предвремени избори. Бугарија нема ништо со македонскиот идентитет,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мигранти во Македонија, па предвремени избори. Бугарија нема ништо со македонскиот идентитет, ама има со историјата, јазикот и културата. Златната виза за Дубаи, модуларната болница во Тетово, не спроведувањето на реформаската агенда. Лидерот на СДСМ Венко Филипче очигледно заборави на сите свои прес конференции и изјави за кои си доби демант, но и за кои се спаси од одговорност.

Упорно, обвинува за фејк њуз, а врвот го достигна откако го ослободија од одговорност за една од најголемите трагедии што и се случила на Македонија, пожарот во модуларната болница во тетово. Ослободен од вина, наместо да одговара на легитимни прашања, тој почна да се расфрла со закани.

„Кога ќе се ослободат медиумите после следните избори, кога граѓаните ќе ни ја дадат довербата и ќе им ја вратиме власта во нивни раце дел од вашите колеги, со вас на чело ќе се извините, а вашите уредници кои што учествуваа во целокупниот овој процес на дефокус, на ширење лажни вести и на клевети, ќе одговараат, пренесете им го тоа“, изјави Венко Филипче, лидер на СДСМ

Реклама

Филипче обвинува за лажни вести, а заборавил на прес конференциите со мигрантите и сценариото за предвремни избори. Помина мај, еве го и септември, ниту кампови, ниту мигранти, а нема ништо ни од предвремени избори. Исто како што и тврдеше дека нема златна виза за Дубаи.

„Дали ќе гледаме центри за мигранти насекаде низ државава, во сите општини и во сите градови? Дали ќе дозволиме т.н. патриоти од ВМРО-ДПМНЕ да ја претворат Македонија во мека за мигранти, додека исто така од странски медиуми дознаваме дека околните земји овој предлог експлицитно го одбиле, Венко Филипче….

Доста со дефокус прашања, каков е тој дефокус, златна виза, каква врска има тоа со контекстот тука. Претстанете со тоа, престанете со тие лажни вести, престанете со тие кампањи, луѓето имаат реални проблеми овде, какви се тие златни визи, Дубаи, згради, Харис Џиновиќ, престанете со таа кампања, нека не ви нарачуваат такви прашања“, изјави Венко Филипче, лидер на СДСМ.

Уѓште една лажна вест на Филипче е тврдењето дека Бугарија не го оспорува македонскиот идентитет. Премиерот Румен Радев јасно и гласно изјави. Уставните измени се само една од работите кои Македонија ќе мора да ги исполни, со цел да не добива вета од Софија и во иднина.

„Ние никаде од Бугарија не сме слушнале дека го негира нашиот идентитет, ниту пак нешто е направено во време на владите на СДСМ со цел и резултат да се загрози нашиот национален идентитет“ , вели Венко Филипче, лидер на СДСМ. И од Европската комисија доби демант. Македонија доби една од најпозитивните пораки во последните години дека земјата покажува сериозен напредок во спроведувањето на реформите, поврзани со европскиот план за раст за Западен Балкан. За Филипче и тоа е фејк њуз.

„Ако ние имаме простор да заработиме на 200 милиони евра да добиеме од ЕУ, а сме добиле само 60, воопшто не е битно дали некоја друга земја има повеќе или помалку од нас, ете тоа е суштината, ете тоа е суштината на пропагандата и лажните вести“, вели Венко Филипче, лидер на СДСМ.

Очигледно, кога сопствените изјави стануваат политички бумеранг, најлесен излез е вината за реалноста да се префрли врз оние што известуваат за неа. Новинарите и медиумите.