Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Општина Центар и овој викенд на терен, се расчистуваат диви депонии

Општина Центар и овој викенд продолжува со теренските активности за расчистување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар и овој викенд продолжува со теренските активности за расчистување на диви депонии и отстранување на последиците од невремето. Вчера и денеска, со два багери и два камиони, општинските екипи работат на расчистување на натрупан отпад во Крњево, Маџир Маало и Ново Маало.

Паралелно се продолжува и со расчистување на локациите зафатени од невремето, каде што се отстрануваат паднати гранки и зеленило.

Од Општина Центар информираат дека секојдневно пристигнуваат голем број поплаки од граѓани за натрупан отпад, неисчистени јавни површини, паднати гранки и зеленило. Иако дел од овие активности не се во директна надлежност на Општината, општинските екипи излегуваат на терен и интервенираат таму каде што е потребно.

Реклама

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати апел до ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ редовно и навремено да ги извршуваат обврските од нивна надлежност.

-Граѓаните не треба да бидат заложници на тоа кој за што е надлежен. Тие со право очекуваат чисти улици, собран отпад и уредени јавни површини. Најголем дел од поплаките завршуваат кај нас во Општина Центар и затоа реагираме секогаш кога можеме. Но, не можеме трајно да ги преземаме обврските на другите институции. Апелирам до ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ да бидат присутни на терен и да си ги извршуваат своите надлежности. На граѓаните им треба решение, а не префрлање на одговорноста- порача Герасимовски.

Од Општина Центар најавуваат дека ќе продолжат со расчистување на критичните точки и со интервенциите по невремето. Воедно, апелираат до граѓаните да не оставаат отпад на јавните површини и да не создаваат нови диви депонии на местата што веќе се расчистуваат.