Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Балкан

Грција и Турција влегоа во нов поморски спор во Егејско море

Ново заострување на односите меѓу Грција и Турција поради два морски национални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново заострување на односите меѓу Грција и Турција поради два морски национални паркови што Анкара ги прогласи во Егејското Море и Источниот Медитеран.

Парковите Фетије-Каш и Северен Егеј опфаќаат повеќе од 23 илјади квадратни километри, а дел од зоните се во близина на грчкиот остров Кастелоризо и меѓу островите Лемнос и Самотраки.

Атина остро реагира и тврди дека Турција еднострано прогласува заштитени зони и надвор од својата јурисдикција. Од грчкото МНР велат дека ваквите одлуки не можат да ги променат грчките права според меѓународното право.

Реклама

Анкара, пак, одлуката ја образложува со заштита на морските екосистеми. Сепак, потегот повторно ги отвора долгогодишните спорови околу поморските граници и правата на грчките острови во Егејот.

Кастелоризо останува една од најчувствителните точки, а новите паркови се уште еден извор на тензии меѓу двете земји.