Реклама

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Македонија

Макдонија под вршник – 25 пожари за само едно деноноќие

Македонија под вршник. Температурите растат, а сувата трева станува лесно запалива за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија под вршник. Температурите растат, а сувата трева станува лесно запалива за секоја искра. Надлежните го вклучија црвениот аларм и велат дека со секој степен нагоре, расте опасноста огнот да се претвори во неконтролирано жариште. Од ЦУК велат дека викендов во Македонија се регистрирани над 20 пожари на отворено. Во моментот пет се уште се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати од вкупно 9 места каде гори од изутрината. Во Горно Лисиче гори ниска вегетација, дрва и пченка, а активен е и пожарот на депонијата на излезот од Крива Паланка. Пожарот над Зелениково, каде што горело шума и ниска вегетација, е ставен под контрола.

„Денеска имаме еден активен пожар на автопатот Скопје Велес, кај бензиската на Макепетрол, пред патарината, имаме испратено една екипа која што активно гаси сега во моментов“, изјави Ѕвонко Томевски – командир на противпожарна бригада Скопје.

Во текот на вчерашниот ден пожарникарите гасеа на повеќе локации. Во Волково гореше сува трева и ѓубриште, а опожарена е и куќа. Пожарот е успешно изгаснат и навреме било спречено проширување на соседните објекти. За жал еден пожарникар се здобил со исекотина на раката, по што бил однесен во болница.Во исто време се настанал и пожар на атарот на Света Петка, односно Чифлик каде имало опасност по стопански објекти и една живинарска фарма. За среќа пожарникарите успеале да го стават под контрола и да ги спасат објектите кои се наоѓале во близина.

Реклама

„Но пожарот поради силниот ветер кој беше на тој терен, почна да се шири неконтролирано кон падините на Водно, кон боровата шума. Беа ангажирани доброволното друштво од Сопиште, поголем број од нашите сили кои што ги имавме во тој момент на располагање благодарение и на мештаните кои се вклучија активно во гасењето на пожарот. Беа испратени и 4 тима од ДЗС. Со сите тие сили кои ги имавме на терен успеавме да го ограничиме ширењето на пожарот на еден простор и потоа беше побарана и воздушна поддршка, бидејќи стануваше збор за непристапен терен, се интервен  ираше од воздух. Пожарот е целосно изгаснат, нема повредени и оштетувања“, изјави Ѕвонко Томевски – командир на противпожарна бригада Скопје.

Во исто време се случил и пожарот меѓу Горно и Долно Лисиче каде беа зафатени насади и различни земјоделски култури. Дополнителен проблем за пожарникарите бил силниот ветер кој го разнесувал на повеќе страни, но сепак на крајот и тој бил успешно ставен под контрола. Во исто време горела и куќа во населбата Лисиче каде биле пренасочени дел од противпожарните сили, како и уште еден дом на улица „Никола Тесла“. Во вечерните часови бил добиен повик за шумски ожар во село Зелениково. Поради непристапниот терен интервенирале и лица од шумското стопанство кои останале на терен да не дозволат негово проширување.

Од Центарот за управување со кризи велат дека источниот, централниот и јужниот дел од земјата ќе бидат со многу висок индекс на температури. Тоа значи дека доколку избувне пожар, условите се поволни за негово брзо ширење и развивање во пожар со многу висок интензитет. Затоа апелираат на максимална внимателност,  да не се палат огнови на отворено, да не се фрлаат отпушоци и да не се остава отпад зад себе.