Реклама

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Прилози

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

СДСМ и Филипче се повеќе тонат во талогот, во кој самите си…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Филипче се повеќе тонат во талогот, во кој самите си се пронајдоа. Тоа го гледаат и граѓаните. Според они кои зборуваат пред нашата камера, некогаш моќната партијата која се нарекуваше државотворна, сега е целосно идеолошки загубена, без визија како би ја водела државата, доколку некогаш повторно дојдат во таква ситауција. 

-Партијата оди надоле надоле и продолжува и понатаму да оди надоле. Значи они како што ги слушаме, сами изгледа не се свесни колку пропаѓаат и најверојатно ќе се изгубат скроз, негде околу трета- четврта партија по рангирањето

-Види не им иде, што зошто, тоа што да кажам друго. Се тонат и тонат повеќе

Реклама

-Ветерот ги донел, ама не го однел.

-Не знам, не ми е познато тоа, не се бавам со политика, не ме занима

-За мене политиката е само перење мозок, да си се гледаме ние духовно и се останато само ќе си дојде

-Сите талкаат бе брат и СДСМ, само ние испаштаме, талкачи колку сакаш во државчево.

За состојбите какви и да се, секогаш причините треба да се бараат кај оние кои командуваат со бродот, а бидејќи во случајот на СДСМ тој се побрзо тоне, според луѓето вината е кај Филипче и неговите најблиски соработници во врвот на партијата.

-Треба да се смени, треба лидерот да се смени, тој си е добар неурохирург треба да продолжи со својата работа, а не да се бави со политика.

-Па треба да се сменат малку богами, не прават ништо вака.

-Колапс не оди напред ништо, народот тапка во место и народот е виновен.

Дел од граѓаните пак се на ставот дека СДСМ е на добар и пат и дека може да понуди подобро перформанси од актуелната власт.

-Моментано се подобри од другата партија, мислам има некои проекти што ги направи СДСМ, мислам во некои ситауции се снаоѓа подобро од ВМРО. Мислам најбезбедна партија е СДСМ да.

Инаку, поради лошите состојби во СДСМ, поранешни и сегашни видни партиски функционери неодамна фомираа платформа насловена „Разговори за иднината“. Од таму велат дека на Македонија и е потребен општествен договор, како основа за создавање широк опозициски потенцијал за промени.

За раководството на Бихаќка тие одработувале за ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, Филипче во последниов период влезе во конфликт со повеќе видни партиски членови, кои ја критикуваа неговата работа. Кавга имаше со актуелниот градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски кој даде поддршка за рудникот за антимон Крстов дол. Иницирано исклучување има и за повеќе членови како Петре Шилегов и Јован Деспотовски.

Матеја Петровски