Реклама

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Прилози

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Венко Филипче и неговите најблиски соработници се само талогот кој остана од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче и неговите најблиски соработници се само талогот кој остана од некогаш големата СДСМ, која сама себе се нарекуваше државнотворна партија. Целосно загубени и без никаква идеологија актуелните шефови на Бихаќка наликуваат само на бледа и полоша копија дури и на Зоран Заев и неговите соработници, кои од раководни државни позиции, спроведоа катастрофални политики, со кои директно удрија по македонските национални интереси.

Сепак проблемот кој сега го имаат во раководните структури на социјалдемократите е што повеќе не им веруваат ниту најтврдокорните партиски членови. Поранешниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ за Алфа вели дека наместо програма и план како да се делува, Филипче својата безидејност ја сокрива влегувајќи од кавга во кавга со секого.

-Ова раководство на СДСМ е последица, претходница на едно старо раководство на СДСМ, кое што ги започна сите оние лоши процеси во СДСМ. Они се само продолжена рака, нога, глава и сеедно. И сега тие продолжуваат на истиот принцип, дури и полошо и бидејќи сега имаат проблем, не можат ни сопствените членови, симпатизери, гласачи да ги убедат во некоја своја политика, програма тие почнуваат да обвинуваат се околу себе, изјави Богдановиќ.

Реклама

Поради погрешните политики, СДСМ се доведе во ситуација да има се повеќе фракции внатре во партијата, кои што бараат реформи и одговорност од раководството, кое целосно неуспешно ги спроведува партиските политики, поради што и СДСМ последните изборни циклуси го доживува најголемите историски порази.

-Во СДСМ има многу чесни и искрени луѓе, но и самите гледаат што се случува во изминатите години и после катастрофалните порази, катастрофалните политики и гледате веќе се најавуваат нови расцепувања и раслојувања. И сега удираат по секого, напаѓаат луѓе кои што се основачи на партијата, луѓе кои што долги години биле во партијата, луѓе кои што немаат исто мислење и не се фокусираат на програма, на политичкиот противник, него напротив секој им е крив, изјави Богдановиќ.

Инаку, поради состојбите во СДСМ, поранешни и сегашни видни партиски функционери фомираа платформа насловена „Разговори за иднината“. Од таму велат дека на Македонија и е потребен општествен договор, како основа за создавање широк опозициски потенцијал за промени.

За раководството на Бихаќка тие одработувале за ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, Филипче во последниов период влезе во конфликт со повеќе видни партиски членови, кои ја критикуваа неговата работа. Кавга имаше со актуелниот градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски кој даде поддршка за рудникот за антимон Крстов дол. Иницирано исклучување има и за повеќе членови како Петре Шилегов и Јован Деспотовски.

Матеја Петровски