Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Ристески: Се контролираат цените на производите и инфлацијата, засега нема нови економски мерки

Инфлацијата и цените на производите во земјава се контролираат и засега нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфлацијата и цените на производите во земјава се контролираат и засега нема потреба од нови мерки. Владата ги намали акцизата и ДДВ-то на горивата. Последното зголемување на цената на дизелот е според светските берзи, а ние се фокусираме цената да остане пониска од соседните земји во Регионот, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Ристески нагласува дека за некои мерки претходно се потребни целосни анализи и вели дека Владата нема да дозволи уништување на животниот стандард и куповната моќ на граѓаните. 

-Ние гледаме тоа ниво на цената на горивата да го одржиме пониско во однос на соседните држави и да не предизвикаме еден импут кој би бил галопирачки во однос на зголемувањето на цените на другите производи, конкретно, прехранбените производи. Доколку има потреба за одредени мерки, ние имаме законски можности тоа да го направиме во иднина како предлог на Министерството за економија и труд или како предлог на Владата исто како и досега што се грижевме за животниот стандард  на граѓаните со одредени мерки. Но, да повторам: мерките треба добро да бидат анализирани, добро размислени, да не предизвикаат подоцна поголема инфлација или, пак, уништување на кревката македонска економија, бидејќи Владата нема да дозволи уништување на животниот стандард и куповната моќ на граѓаните, како што во блиското минато кога имавме слични светски економски кризи и имавме двоцифрена инфлација, галопирачки од на цените и комплетно уништување на животниот стандард и куповната моќ на граѓаните, изјави Ристески.

Реклама

Според него, со ограничувањето на акцизите и ДДВ- то, имаме најевтини нафтени деривати во Регионот, а тоа го покажува и фактот што голем број граѓани од соседните држави купуваат гориво од Македонија. Преку овие мерки има заштеда и на транспортните трошоци кои се вкалкулираат и во цените на производите, посебно на прехранбените производи. 

-И во однос на основните прехранбени производи за живот на едно просечно македонско семејство имаме најниски цени во Регионот, споредено со другите држави. На таков начин сме успеале да придонесеме за заштита на животниот стандард, иако тоа не е доволно. И понатаму ќе гледаме, преку вакви мерки, доколку има потреба, и покрај воената криза, ќе настојуваме да ги задржиме цените на горивата на најниско ниво во Регионот, а исто така, и цените на основните прехранбени производи, образложи заменик-министерот за економија и труд. 

Преку Државниот пазарен инспекторат, претходната анализа на вкупно 700 производи кои беа контролирани, покажа дека нема големо зголемување на цените во овој период. Намалени се цените на сезонските земјоделски производи.

-Минималното зголемување е предизвикано од зголемените транспортни трошоци поради поскапувањето на енергијата, односно нафтените деривати или е предизвикано од зголемување на цените на суровините и репроматеријалите кои 90 прооценти се од увоз. Анализите покажуваат дека имаме и одредено намалување на цените на сезонските земјоделски производи и овошјето. Така што, засега нема потреба од посебни мерки, освен ова намалување на акцизата, а претходно на ДДВ-то на нафтените деривати со цел да ги држиме цените на едно пониско, попристапно ниво за граѓаните, а со тоа да го заштитиме и нивниот животен стандард или куповната моќ на граѓаните, посочи Ристески. 

Есенва се очекуваат измените во Законот за нефер трговски практики и десеткратно зголемување на сегашните казни кои се до 20 000 евра. 

-По одморот, пратениците за брзо време ќе ги добијат предлозите за измените во Законот за нефер трговски практики кои ги потготвуваме во соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата. Ќе бидат известени и другите институции кои се директно или индиректно инволвирани во овој Закон, а ќе прибереме мислења и од стопанските комори и сѐ ќе направиме преку овој Закон за подолгорочно стабилизирање на цените за да не дозволиме галопирачка инфлација. Една од главните цели на овој закон е да се зголемат казнените одредби. Сега, највисоката казна е до 20 000 евра, а со измените ќе биде десеткратно зголемена. Всушност, ќе има допрецизирање на договорите со одредени членови во Законот за да нема можност за манипулации, посебно од трговците и ќе биде воведена казна за добавувачите кои ја прифаќаат таквата нефер трговија. Рокот пред Нова Година е пригоден да се донесат овие измени, објасни Ристески.