Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Заменик-министерот за здравство Андовски се сретна со претставници на „Хема-Онко“

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски денеска се сретна со претставници на „Хема-Онко“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски денеска се сретна со претставници на „Хема-Онко“, Здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели, како и со претставнички на групата „Пеперутки“, на која се разговараше за актуелните потреби на пациентите и за унапредување на здравствената заштита.

Во фокусот на средбата беше новиот Закон за лекови, при што претставниците на здружението ги изложија своите препораки и предлози. Заменик-министерот истакна дека пациентските организации треба да бидат активно вклучени во креирањето на политиките и законските решенија што непосредно ги засегаат пациентите. Соговорниците дискутираа и за можностите за продлабочување на соработката со Канцеларијата на Светската здравствена организација, со цел примена на меѓународните искуства и добри практики, подобрување на планирањето и градење поефикасен и поодржлив здравствен систем, соопшти Министерството за здравство.

На средбата, како што се посочува, е разгледана и состојбата со онколошката терапија, како и мерките што се преземаат за надминување на долгогодишните предизвици со кои се соочуваат пациентите и наведено е дека е обезбедено рекордно зголемување на буџетот за онкологија и дека се работи на подобрување на достапноста и континуитетот на терапијата.

Реклама

За лековите кај кои беа регистрирани доцнења веќе се преземени конкретни мерки. Дел од испораките се реализирани, за дел се склучени нови договори, а за останатите се обезбедуваат привремени решенија до целосно нормализирање на состојбата. Дополнително, се разговараше за навремената дијагностика, подобрата информираност на пациентите, поедноставувањето на административните постапки и за другите предизвици во остварувањето на правата од здравствена заштита, информираат од Министерството.

Заменик-министерот нагласи дека Министерството за здравство останува отворено за редовна, суштинска и транспарентна соработка со „Хема-Онко“, групата „Пеперутки“ и со сите пациентски организации.

„Пациентите и нивните претставници се наши партнери во создавањето подобар здравствен систем. Преку отворен дијалог и заедничка работа ќе продолжиме да создаваме системски, одржливи решенија, во кои пациентот ќе биде во центарот на секоја одлука“, истакна заменик-министерот Андовски.