Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

За сите три типа матурски испит просечната оценка е 3,66, поништени тестовите на 226 препишувачи

Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура, кои првпат се воведени оваа година.

Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори. Повеќе од 14 500 ученици кои завршија средно образование во учебната 2025/2026 година беа пријавени за полагање на екстерните испити (задолжителниот мајчин јазик и уште еден предмет од понудените за избор) од матурата во јунската испитна сесија. Тестовите ги полагаа на 6 и на 11 односно 12 јуни. 

Просечната оценка за државна матура е 3,62, за стручна 3,91 и за уметничка 3,59.  Јаневска и Јовчевска-Михајловска  се задоволни од просекот и што е задржан континуитетот од лани, кога оценката беше 3,69, за разлика од 2024 кога беше 3,26.

Реклама

-Ценам дека ова се објективни резултати. Училиштата, факултетите каде се организираа дел од тестовите, тестаторите кои беа околу 2500 на број, околу 200 набљудувачи и оценувачите беа добро подготвени. Се разбира, и учениците сериозно го сфатија процесот. Годинава првпат се полагаше по нова Концепција која предвиде три типа на матура, со што сите ученици се тестираа по материјалот кој реално го изучувале во четирите години на средно образование, што не беше случај во минатото кога сите се тестираа по еден ист материјал. Задоволна сум што две години по ред се одржува речиси идентичен просек, за разлика од 2024 година кога изнесуваше 3,26, рече Јаневска, која им честиташе на тие што ја положија со што стекнаа услов за запишување на факултет или директно да влезат на пазарот на труд. 

Од вкупно пријавени 14 587 ученици за полагање на матурата,  12 184 беа пријавени да полагаат државна матура, 2276 ученици за државна стручна матура и 127 пријавени за државна уметничка матура. На полагањето не дошле 348 пријавени или 2,39 отсто отсуствувале од испитите.

Најголем дел од учениците избрале државна матура. Забележливо е подобар успех на оценката за мајчините јзици во сите три типа матура, како и за математика и за другите странски јазици (германски, француски, италијански и руски), каде што просекот е над 4. Овие јазици ги полагаат помалку кандидати и се ученици само од гимназиите. 

Јаневска посочи и дека годинава немало препишувачи како до пред две години. На 226 ученици им е поништен тестот и тие ќе полагаат повторно во август. Дел се фатени како препишуваат на самиот испит, а за дел е утврдено дека препишувале откако им се прегледани тестовите. Како што рече директорката на Државниот испитен центар, отстранети се ученици кои препишувале или користеле е-уреди, а поништени се и оние тестови кај кои при оценувањето, особено кај есеите, е забележано дека има идентични текстови. Тоа наведува, рече таа, дека или си помагале или се снашле, но и тоа е санкционирано. 

Соопшти дека биле поднесени 805 приговори, односно 2,86 проценти од вкупниот број матуранти што полагале. Прифатени биле за дел од матурантите, односно 0,95 проценти од поднесените приговори. Увид во тестовите извршиле 133 ученици. 

Учениците на кои им е поништен тестот, заедно со оние кои отсуствувале во јуни, ќе може да полагаат во августовската сесија. Таа ќе се реализира на 12 август (изборен екстерен испит) и на 14 август кога е полагањето на задолжителниот испит. т.е. тестот по мајчин јазик.  Пријавени за државна матура за август се 1328 кандидати, за стручна 126 и за уметничлка матура се пријавени шест ученици. 

Директорката на ДИЦ, Јовчевска-Михајловска, посочи дека ќе се полага на осум локации во четири града – Скопје, Тетово, Прилеп и Штип. Учениците  на веб-страницата на ДИЦ ќе може да се информираат од кое училиште каде ќе биде локацијата за полагање.