Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

​Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода

Во насока на обезбедување на квалитетен и функционален јавен простор кој ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во насока на обезбедување на квалитетен и функционален јавен простор кој ќе стои на располагање на сите генерации, Општина Кисела Вода континуирано работи на санација и реконструкција на урбаната опрема и на опремата во детските катчиња на целата своја територија. Од Општина Кисела Вода информираат дека општинските служби интервенираат на повеќе локации, следејќи ја реалната состојба и мапираните потреби.

-Имено, во населбата Расадник, во непосредна близина на градинката, извршена е санација на детското игралиште. На спортскиот терен кај подрачното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ поставени се нови кошаркарски обрачи со мрежички, нови канти за отпад, а во моментов активно се работи на санација на клупите – посочуваат од општинската прес-служба.

Активностите за обнова биле спроведени и во парк „Иднина“, каде целосно се санирани оштетените клупи и лулашки, а поставени се и нови канти за отпадоци. Интервенции на урбаната опрема, поправка на клупите и поставување на канти се реализирани и кај последната автобуска постојка на линијата 24, во парк „Македонија“, како и во парк „Дупки“ во населбата Драчево. Дополнително, на улица „Пушкинова“ поставени се целосно нови канти за отпадоци.

Реклама

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска истакнува дека овие интервенции се од исклучителна важност за сите наши жители. Посочува дека примарна цел на општината е обезбедување безбедни, модерни и функционални катчиња каде најмладите безгрижно ќе играат, младите ќе спортуваат, а повозрасните ќе имаат пријатно место за одмор.

-Вложувањето во јавниот простор е директно вложување во квалитетот на животот. Сепак, за да можеме сите долгорочно да уживаме во овие уредени простори, неопходна е заедничка грижа. Упатувам силен апел до сите граѓани за совесно и одговорно однесување кон јавното добро. Урбаната опрема, парковите и спортските терени се градат со средства на сите нас и му припаѓаат на секој наш жител. Строго апелирам да не се уништуваат и кршат детските реквизити и клупите, и отпадот да се одложува исклучиво на соодветните места за таа намена. Само со меѓусебна почит и домаќински однос кон јавните површини ќе придонесеме нашата општина да остане чисто, убаво и безбедно место за живеење – посочува  градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.