Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Манасиевски: СДСМ и Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност

Талогот од СДСМ и предавникот Филипче не само што не го решавале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талогот од СДСМ и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност. Документите кои ги споделувавме во јавноста од испитувањата, покажуваат дека во времето на СДСМ и Венко Филипче, биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење во различни населени места низ државата, како и во Гостивар, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски. 

Но, денес се поставува едно уште поважно прашање, а тоа е дали некој од тогашната власт побара одговорност? Дали некој директор бил разрешен? Дали некој градоначалник бил повикан на одговорност? Одговорот е не.

Додека СДСМ беше на власт, проблемите се оставаа да се таложат, а граѓаните никогаш не добија отчет што било преземено по сите тие наоди и анализи.

Реклама

Денес, истите тие луѓе се обидуваат да држат лекции за одговорност.

Талогот од СДСМ и предавникот Венко Филипче треба да им одговорат на граѓаните, зошто со години немало институционална одговорност за случаите на небезбедна вода и што конкретно презеле за тие проблеми да бидат отстранети.

Граѓаните заслужуваат одговори, а не политичка селективност.