Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот

Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот, а тоа е резултат на работата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот, а тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци. Ќе продолжиме во таа насока, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Во рамки на денешниот настан за потпишување на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, Мицкоски истакна дека бројот на летови и бројот на патници во првите седум месеци веќе не е зголемен за 1, 2 или 3 отсто споредено со претходната година, туку за 20, 30 или 40 проценти.

– Она што охрабрува се податоците што операторот на двата меѓународни аеродрома ги пренесе, истото тоа го пренесе и Министерството за транспорт, а тоа е дека двата аеродроми се најбрзорастечки во регионот по бројот на патници. Исто така и Светска банка во делот за туризам тоа го потенцира. Тоа е лоша вест за опозицијата и за оние нихилисти коишто гледаат како да не успее државата, но е добра вест за граѓаните и за сите оние коишто ѝ мислат добро на земјата, бидејќи тоа што го работиме 25 месеци полека се консолидира и полека покажува знаци на жилавост и на отпорност на сите овие кризи коишто се случуваа, а резултатите стануваат сè повеќе видливи, истакна Мицкоски. 

Реклама

Зголемениот број на летови и патници, рече, е многу значајно за Владата.

-Тоа нè мотивира да продолжиме во таа насока и во периодот што следи, бидејќи туризмот е еден од приоритетите на Владата. Можете да бидете сведоци што се случува посебно овие денови, овие недели би рекол, на нашиот туристички бисер, но и не само таму, туку насекаде на целата територија на земјата, изјави Мицкоски.