Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Нупнау: Потпишувањето на договорите за финансирање на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир чекор кон заокружување на источниот крак на Коридорот 8

Коридорот 8 има голема важност, бидејќи гиповрзува Јадранското и Црното Море преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коридорот 8 има голема важност, бидејќи гиповрзува Јадранското и Црното Море преку Албанија, Македонија и Бугарија, тој е дел од инфраструктурата и на ЕУ и на НАТО, а оваа врска ќе ја зголеми отпорноста на Македонија, на регионот и на континентот, ќе обезбеди поголема мобилност и за воени и за бизнис цели, но ќе ја олесни и трговијата, ќе отвори можности за работа и ќе ја зголеми конкурентноста по делот на овој коридор, изјави денеска заменик шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Бен Нупнау на свеченото потпишување договори за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, која е дел од источниот крак на Коридорот 8.

На потпишувањето во Владата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Бен Нупнау  – заменик шеф на Делегацијата на ЕУ, Фатих Туркменоглу – директор на ЕБОР за Македонија, Бјорн Габриел, директор на ЕИБ во Македонија, како и директорот на Железници – Инфраструктура, Синиша Ивановски.

Нупнау нагласи дека денешното потпишување е еден чекор напред кон имплементацијата на мошне важен проект којшто ги поврзува земјите.

Реклама

-Ќе се префрлиме и од работа на копно кон железница, со што ќе се подобрат работите. Потпишувањето на овие измени денеска е навистина важен чекор за да се започне со реалната работа, која беше во застој по поместувањето на ИПА грантовите. Сега сите потребни приспособувања се договорени за потребната инфраструктура и за плановите за финансирање – рече Нупнау.

Тој потсети дека денешниот настан доаѓа мошне брзо по состанокот со Бугарија за подготовката на прекуграничниот тунел, односно првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8, кој се одржа на 30-ти, минатиот месец во Софија. 

-Би сакал да ги поздравам заложбите на двете влади за унапредување на имплементацијата на овој проект. На крај би сакал да кажам дека нашето присуство денес ја потврдува нашата посветеност овој Коридор да стане реалност. Сакаме да видиме конкретен развој на терен многу наскоро – истакна Нупнау.

Коридорот 8 има голема важност, бидејќи ги поврзува Јадранското и Црното море преку Албанија, Северна Македонија и Бугарија, тој е дел од инфраструктурата и на ЕУ и на НАТО, а оваа врска ќе ј

Раководителот на Европска инвестициска банка во Скопје,Бјорн Габриел во своето обраќање истакна дека измените станале неопходни по поместувањето на договорите за заем и ИПА-грантот.

-Тоа наложи прилагодување на структурата за спроведување на проектот и на планот за негово финансирање. Иако денешното потпишување претставува административен чекор, сепак станува збор за значајна пресвртница. Со него се отвора патот за објавување на тендерот за градежните работи во наредните недели и се потврдува обновената посветеност на Владата за унапредување на Железничкиот коридор 8 и неговите стратешки делници – нагласи тој.

Габриел додаде дека минатонеделниот состанок на билатералната работна група, како и заедничкиот договор за индикативната временска рамка, создале позитивен моментум што ЕИБ и партнерите од Тим Европа се подготвени да го поддржат.

Кон запад, кон Албанија, додаде тој, ЕИБ веќе обезбедила грант-средства од ЕУ за поддршка на техничката подготовка на релевантните делници од двете страни на границата, во својата улога на водечка меѓународна финансиска институција. 

-Паралелно со тоа, Европската комисија во моментов ги разгледува условите на задачата за физибилити-студијата за делницата што ја поврзува Струга со албанската граница. Се надевам дека овие случувања ја потврдуваат нашата цврста посветеност да ги поддржиме сите македонски партнери во претворањето на Железничкиот коридор 8 во реалност – додаде тој.

Во име на Европската банка за обнова и развој се обрати директорот Фатих Туркменоглу, кој изрази задоволство поради тоа што е присутен на потпишувањето на измените на договорите за Железничкиот коридор 8 – Фаза 3, бидејќи, како што рече, ова е важен чекор за проектот и за државата.

Туркменоглу нагласи дека со проектот ќе се изградат 23 километри железничка пруга меѓу Крива Паланка и бугарската граница, со што ќе се заокружи источната делница од Коридорот 8 во државата.

-Со поддршка од нашите партнери, вклучително и Европската инвестициска банка и Европската Унија, овој проект ќе ја доближи земјата до нејзините соседи и до Европа, ќе го направи патувањето полесно, а со тоа ќе отвори и нови можности. ЕБОР е горда што ја поддржува оваа важна инвестиција. Остануваме посветени на соработката со македонската Влада на проекти што ќе донесат трајна придобивки за луѓето и за бизнисите – нагласи Туркменоглу.

Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ се обезбедени 149 милиони евра грант за изградба на третата делница од Железничкиот коридор 8.