Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Покажуваме како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблеми од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покажуваме како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблеми од минатото, да се стават работите на вистинските шини и да се движат, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред потпишување на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8.

Како што истакна Николоски, денешното потпишување претставува продолжување на визијата што ја постави оваа Влада – Македонија да ја искористи својата уникатна позиција како раскрсница на двата коридора, 8 и 10 и на тој начин да го докаже своето место како срце на Балканот.

– Изградбата на коридорот 8 е еден од врвните приоритети на Владата. Ова е исклучително значаен ден зашто по скоро две години работа доаѓаме до реален и остварлив проект, што може да биде реализиран. Успеавме да постигнеме договор со Бугарија за изградба на прекуграничен железнички тунел што треба да ги спои двете држави. Очекуваме на крајот од овој месец да се одржи вториот меѓувладин состанок во Скопје, а пораката е јасна – двете држави испраќаат заедничко писмо до ЕУ, ЕИБ и ЕБОР, за обезбедување грант за изградба на тунелот кои, убеден сум, ќе бидат далеку поголеми од оние грант средства за кои досега се зборуваше. Овој настан покажува како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблеми од минатото и да се стават работите на вистинските шини и да се движат, нагласи Николоски.

Реклама

Според него, преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ се обезбедени 149 милиони евра грант за изградба на третата делница од железничкиот коридор 8. Се очекува во текот на оваа година да почнат работите на терен.

– Есенва е предвидено да се избере изведувач и веднаш потоа да се почне со работа. Веќе има активен тендер за избор на надзор и се оди во две фази, предквалификација која е во финиш и квалификација, а тендерот за градба ќе биде во една фаза, иформира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

На потпишувањето на договорите во Владата присуствува и премиерот Христијан Мицкоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Бен Нупнау – заменик шеф на Делегацијата на ЕУ, Фатих Туркменоглу – директор на ЕБОР за Македонија, Бјорн Габриел, директор на ЕИБ во Македонија, како и директорот на Железници – Инфраструктура, Синиша Ивановски.