Реклама

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Скопјани летово ќе мора да „пливаат на суво“: базенот СЦ „Борис Трајковски“ е затворен по штетите од невремето

Алфа репортажа: Како изгледа топлотниот бран на скопските улици?

Го креираа францускиот предлог, ама сега од СДСМ обвинуваат дека Владата тајно преговарала

Енергетската состојба во Македонија е стабилна

Дволичен Еди Рама: За Тиранска платформа му одговараа Албанците од Македонија, сега кога му гори под нозе стануваат „персона нон грата“

Пет пожари го кренаа Кавадаречко на нозе – огнот под контрола, се очекува целосно гаснење

Двајца Албанци од Македонија на црна листа во Албанија: Тирана се сомнева дека работеле за терористички организации

Водата во Гостивар останува само за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Алфа анкета: ги почитуваат ли граѓаните препораките за топлотниот бран?

Нов сомнителен случај од Западно-нилска треска, на инфективна се уште има пациенти во критична состојба

Пријавени како туристки, а работат како танчерки во ноќни клубови – полицијата откри сомнителна шема за можна трговија со луѓе

Македонија

МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата

Министерството за внатрешни работи во периодот од 3 до 9 август 2026…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи во периодот од 3 до 9 август 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведувањето на засилени сообраќајни контроли во рамки на Европската недела на контроли.

Како што се наведува во соопштението, акциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и нивните последици.

– Имајќи предвид дека се наоѓаме во период на летни одмори, кога е зголемена фреквенцијата на возила на патиштата, сообраќајната полиција ќе спроведува засилени контроли и превентивно-репресивни мерки на патните правци низ целата држава – посочуваат од МВР.

Реклама

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја приспособат брзината на условите на патот и со одговорно однесување да придонесат за зачувување на сопствената безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.