Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

МД “Илинден“-Тирана бара официјалната веб-страна на Општина Пустец да биде достапна и на македонски јазик

Македонско друштво „Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонско друштво „Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот и членовите  на Општинскиот совет, со кое бара официјалната веб-страна на Општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик. 
  
-Иницијативата се темели на Законот бр. 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“, кој ги гарантира правата на националните малцинства, вклучително и правото на употреба на нивниот јазик во комуникацијата со органите на локалната самоуправа во средините каде што тие традиционално живеат, стои во објавата на друштвото. 
  
Се оценува дека овозможувањето на официјалната веб-страница на Општина Пустец и на македонски јазик, ќе претставува важен чекор кон практична примена на правата на македонското национално малцинство, ќе го подобри пристапот на граѓаните до јавните информации и ќе ја унапреди комуникацијата со локалните институции. 
  
Според друштвото, оваа иницијатива ќе придонесе за поголема институционална транспарентност, почитување на јазичната и културната разновидност и доследно спроведување на националните и меѓународните стандарди за заштита на правата на националните малцинства. 
  
Барањето е доставено и до Комесарот за заштита од дискриминација, како и до Народниот правобранител на Република Албанија. 
  
Македонското друштво „Илинден“–Тирана изразува уверување дека надлежните институции ќе го разгледаат барањето со должно внимание и ќе преземат конкретни чекори за официјалната веб-страна на Општина Пустец да биде достапна и на македонски јазик, во согласност со законските обврски и принципите на еднаквост и недискриминација.