Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Лишени од слобода лица без возачка дозвола, меѓу нив и 15-годишник кој возел камион

Во сообраќајна контрола вчера и денеска полицијата открила неколку лица кои возеле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во сообраќајна контрола вчера и денеска полицијата открила неколку лица кои возеле без возачка дозвола, меѓу кои и 63-годишник од Виница, а 15-годишен  од Скопје е уапсен зашто возел камион. Во повеќето случаи возилата се одземени, а по целосно документирање ќе следуваат соодветни пријави. 

Во полицискиот билтен МВР информира дека малолетникот бил лишен од слобода ноќеска во 2:40 часот, при сообраќајна контрола на ул.„Горно Лисиче“. Полициските службеници од СВР Скопје сопреле товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал товарното возило во присуство на неговиот родител пред да се стекне со право за управување возило. 

Во 00:55 часот во Скопје денеска  полицијата го лишила од слобода и Ф.Б.(30) од скопското село Арачиново. При сообраќајна контрола на ул.„Венјамин Манчуковски“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Ф.Б. го управувал возилото пред да се стекне со право за управување возило. 

Реклама

Приведени вчера  биле и 18-годишниот скопјанец Е.С., откако при сообраќајна контрола на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје полицијата сопрела „фолксваген голф“ и открила дека тој нема возачка дозвола, исто како и  А.Б.(22) од скопско Батинци, кој без дозвола исто така управувал „фолксваген голф“, а во 2:20 часот денеска на ул.„Круме Волнароски“ во Прилеп, лишен од слобода бил и 19-годишниот С.И.од Прилеп додека без дозвола возел  „рено”.

Покрај  малолетници и адолесценти приведен од полицијата бил и 63-годишниот З.Х. од Виница, вчеравечер во 21:20 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино. Полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода  откако му го сопреле возилото „фолксваген пасат“ кое го управувал без стекнато право за управување возило. 

МВР информира и дека вчера во 15:00 часот на крстосница од ул.„Димо Наредникот“ со ул.„Александар Македонски” во Прилеп, лишен од слобода бил и 61-годишник И.А. од Прилеп, возач на мопед, откако при контрола на сообраќајот полицајци го сопреле и утврдиле дека  го управувал без да поседува возачка дозвола.