Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

МФ: Транспарентно и одговорно управуваме со јавните финасии, издавањето на државните хартии од вредност е согласно планот од Буџетот и објавениот Календар за емисии на ДХВ

Министерството за финансии информира дека издавањето на државните хартии од вредност коишто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за финансии информира дека издавањето на државните хартии од вредност коишто од денеска котираат на официјалниот пазар на Македонска берза се дел од планираното задолжување на домашниот пазар согласно усвоениот Буџет и Ребаланс за 2026 година во Собранието. Дополнително, нагласуваат од МФ, издавањето на овие емисии на државни хартии од вредност се транспарентно објавени на веб страницата на Министерството во календарот на аукции на државни хартии од вредност за третиот и четвртиот квартал, којшто се објавува во текот на јуни 2026 година. Исто така, според Министерството за финансии, транспарентно на веб-страницата се објавени и проспектите за одржување на аукциите со условите и датумот на одржување.

-Имено, денеска, претходно МФ објави податоци за реализацијата на Буџетот за периодот 01 јануари-31 јули 2026 година согласно кои приходите во Буџетот се прибираат согласно планот и бележат раст во споредба со истиот период претходната година и истовремено навремено се сервисираат обврските, се вели во соопштението од Министерството. 

Податоците за реализација на Буџетот за 2026 година покажуваат дека  вкупните приходи заклучно со 31 јули се реализирани во износ од 204,553 милијарди денари што е 53,9% од планираното и бележат раст од 9,3% во споредба со истиот период претходната година. Приходите од даноци, како изворни приходи, се реализирани во износ од 117,963 милијарди денари или 55,33% од планот и со раст во споредба со истиот период претходната година од 10%.

Реклама

-Кај даночните приходи најголема реализација согласно планот од 62,8% е евидентирана кај Данокот на добивка од којшто во Буџетот се слеани 16,687 милијарди денари што е раст од 20,6% во споредба со седумте месеци од 2025 година. Реализација од 56,78% од планираното има кај ДДВ со остварени 53,026 милијарди денари или раст од 13,4% во споредба со периодот 01.01.-31.07.2025 година. Од Данок на личен доход се остварени 20,925 милијарди денари или 53,93% од планот и раст во споредба со истиот период лани од 11,9%. Увозните давачки се реализирани во износ од 9,361 милијарди денари што претставува 56,4% од планот и бележат раст од 10,3%. Истовремено е извршен и поврат на ДДВ кон компаниите во износ од 23,333 милијарди денари што е за 3,5% повеќе од извршениот поврат во периодот јануари-јули 2025 година, се вели во соопштението од МФ.

На расходната страна значајна реализација има кај капиталните расходи во износ од 21,288 милијарда денари што, како што велат, е раст од 39,6% во споредба со реализацијата на капиталните расходи во првите седум месеци од 2025 година.

Исто така, извршена е исплата на 49,351 милијарда денари обврски по основ на стари долгови на странскиот пазар, како и 11,665 милијарди денари отплати кон домашни кредитори. Во овој период се исплатени и обврзници по основ на денационализација во износ од 308 милиони денари.

Министерството за финансии, нагласуваат, останува посветено на транспарентно и одговорно управување со јавните финансии и согласно усвоените законски решенија и стратешки документи.