Износена роба, без употребна вредност и со поминат рок на траење. Односот на албанскиот премиер Еди Рама кон Албанците од Македонија во најмала рака е дволичен. Самопрогласениот обединител на албанскиот народ на Балканот, како што Рама сам себе се нарекуваше, сега кога му гори под нозе, прави чистка со сите кои се дрзнаа да му се спротистават. Не само во Албанија, туку и во Косово и Македонија. Со години не мус меташе тоа што Беља и Халими имаа екстремни ставови, едниот дури и вахабистички, но во моментот кога отворија уста против Рама по кратка постпка беа прогласени за персона нон грата.
-Еди Рама има проблем со протестите во Албанија и сите поддржувачи од страна односно од другите држави, бидејќи за нив без разлика дали се Албанци се други државјани, вклучувајќи тука двајцата што вие ги напоменавте. Тие јавно претпоставувам дека повикале на протести за да го сменат Рама во Албанија, сите тие луѓе Еди Рама ги прогласува како персона нон грата, изјави Фаризи.
Интересно е што Беља долги години беше истакнат функционер на ДУИ, партијата која Рама долго време подржува. Тој дури и беше економски директор на Гинекологија. Сега гревот е што ги подржува протестите против албанскиот премиер, кој во моментов бие битка за опстанок.

За Рама, своевремено, не беше проблем кога пред 10-тина години т.н. Тиранска платформа се крчкаше на негова територија и директно се мешаше во внатрешнополитичките состојби на Македонија, ама сега, препознава мешање во неговата политика.
-Еди Рама имаше комодитет во минатото и имаше многу добри односи со политичарите од ДУИ и лично со претседателот на ДУИ Ахмети. Но во последниот период очигледно дека тој има внатрешни проблеми и најверојатно веќе се обидува да се спаси себеси. И сите други кои му сметаат во Албанија, вклучувајќи ги и членовите на ДУИ се обидуваат да ги прогласат персона нон грата, односно да ги пушта своите пријателства што ги имал со старите поддржувачи во регионот, изјави Фаризи.
Инаку, албански државјани во внатрешните работи се мешаат повеќе пати, последен пример се и протестите за правосудниот испит, каде што покрај македонски граѓани, на улиците во Скопје протестираа и државјани на Албанија и Косово. Но тој стил на функционериње не му се допаѓа на Рама на домашен терен, па според Фаризи листата на непожелни во Албанија може и да се проширува.
Инаку, забрана за 10 години влез во Албанија добија имамот Бекир Халими и Ваљон Беља. Првиот во 2008-ма беше осомничен за поврзаност со терористичка ќелија на Ал Акеда, а во 2016-та исклучен од Исламската верска заедница на Македонија, поради судири со раководството. Беља пак е поранешен економски директор на Клиниката за гинекологија, познат е и по тоа што му остави куршум во салфетка на Изет Меџити, во 2018-та беше ранет во пукотница во скопски Чаир.
Матеја Петровски

