Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Почнува реконструкцијата на капелата на градските православни гробишта во Куманово

Почна реконструкцијата на капелата на градските православни гробишта во Куманово. Како што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна реконструкцијата на капелата на градските православни гробишта во Куманово. Како што информираа денеска надлежните со реконструкцијата ќе се обезбеди современ, функционален и достоинствен простор.

– Како локална самоуправа остануваме посветени на реализација на капитални инвестиции и активно работиме на обезбедување финансиски средства од централната власт и други извори, со цел да создадеме подобра инфраструктура и повисок квалитет на живот за сите граѓани- наведува во објава градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Директорот на јавното претпријатие, „Чистота и Зеленило“ Сашо Томиќ, изјави дека за време на реконструкцијата капелата нема целосно да биде затворена.

Реклама

– Реконструкцијата ќе се одвива во две фази, при што дел од просториите ќе останат во функција за непречено одвивање на погребалните обреди, рече Томиќ.

Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните да покажат разбирање за време на изведувањето на градежните работи, да ги почитуваат поставените ознаки и упатствата и да се движат внимателно во делот каде што ќе се реализира реконструкцијата. Оттаму замолуваат за трпение и разбирање до завршувањето на проектот.  Проектот финансиски е поддржан од Министерството за транспорт и врски.