Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Ковачки: Тие што со децении ја влечеа државата во кал, тие денес сами се препознаа како талог

Никој не ги спомна со име, ама сами си се препознаа како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Никој не ги спомна со име, ама сами си се препознаа како „талогот“. Истите што немаат ниту еден ден работен стаж надвор од „успешните“ политички кариери. Истите што со децении ги влечат државата и општеството во кал, затоа што во кал единствено и знаат да пливаат. Таму се снаоѓаат како риба во вода. Кај најголемиот дел од нив тоа веќе не е избор, туку е наследство, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук објавата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Дедото се клањал на едни, таткото на други, а внукот ја мери јачината и правецот на ветерот и однапред си се наведнува.

Вчера клечеле пред Софија, утре пред Белград, задутре пред Москва…адресата се менува, ама држењето (виткањето) не.

Реклама

Што би рекол народот:

Трета генерација исправен ’рбет не памети.

Тоа што измеќарството го издигнаа на ниво политичка доктрина и го нудат како единствен разумен пат, не е ништо друго туку обид за да си ја кренат цената, притоа не сфаќајки дека не само што така си ја спуштаат сопствената цена, истовремено кревајќи ја летвичката за сопствената татковина повисоко.

Македонија нема време за губење со таквите структури. Одиме напред.