Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Шасивари – Улусој: Размена на искуства со Турција и заеднички проекти во правосудството

– Министерот за правда, Јетон Шасивари денеска остварил работна средба со амбасадорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерот за правда, Јетон Шасивари денеска остварил работна средба со амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, на која била потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на правосудството и поддршка на реформските процеси.

Реформите во правосудството, размената на искуства и добри практики, како и реализацијата на нови студиски посети, специјализирани обуки и заеднички активности меѓу правосудните институции на двете земји, се дел од темите на кои разговарале Шасивари и Улусој.

-Силното меѓународно партнерство е еден од клучните предуслови за успешни и одржливи реформи во правосудството. Турција е наш значаен партнер, а размената на знаење, искуства и добри практики ќе придонесе за поефикасен, потранспарентен и помодерен правосуден систем – истакнал министерот Шасивари.

Реклама

На средбата, како што информираат од прес-службата на Министерството за правда, била нагласена успешната соработка меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), при што беше изразена заедничка подготвеност таа дополнително да се продлабочи преку организирање меѓународни и билатерални конференции, студиски посети и програми за обука на судии, јавни обвинители и други претставници на правосудните институции.

Како особено значајна било посочена Програмата за размена на искуства во областа на компјутерскиот криминал, реализирана во рамки на Проектот за компјутерски криминал на Советот на Европа, кога Министерството за правда беше домаќин на претставник од Министерството за правда на Република Турција.

Во рамки на продолжувањето на добрата соработка меѓу Република Турција и Македонија, во име на министерот за правда на Република Турција, Акин Ѓурлек, на министерот за правда Јетон Шасивари лично му било врачена покана за учество на меѓународниот самит „Иднината на правдата“, кој ќе се одржи во Истанбул на 8 и 9 октомври. На овој значаен меѓународен настан ќе учествуваат министри за правда од повеќе земји, високи државни функционери, експерти, професори и претставници од правосудниот сектор, со цел размена на искуства и идеи за унапредување на правдата и владеењето на правото.

Од Министерството за правда посочуваат дека поканата претставува уште една потврда за пријателските и партнерски односи меѓу двете земји и посветеноста кон зајакнување на институционалната соработка.

Министерот Шасивари и амбасадорот Улусој се согласиле дека е неопходно натамошно интензивирање на соработката, со цел – градење современ, ефикасен и независен правосуден систем, преку конкретни проекти, институционално поврзување и континуирана размена на професионални искуства.