Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Дрвошанов: Владата ја унапредува енергетската независност преку зелена транзиција

Приоритет на Владата од преземање на власта беше да ја зачува енергетската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приоритет на Владата од преземање на власта беше да ја зачува енергетската сигурност и да ги постави темелите на енергетиката , со најголемите законски реформи во последната деценија и силен инвестициски циклус во обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност, изјави на прес-конференција Жан Дрвошанов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Усвоивме нов Закон за енергетика, целосно усогласен со европските директиви и поздравен од Европската енергетска заедница, како и Интегрираниот национален план за енергија и клима (NECP) 2025-2030, со кој за првпат се воспоставува систем за следење на процесот на декарбонизација. Со тоа создадовме стабилна и предвидлива правна рамка што обезбедува сигурност за граѓаните и привлекува сериозни инвестиции.

Во делот на обновливите извори, заклучно со 1 јуни 2026 година пристигнаа над 800 инвестициски иницијативи по јавниот повик за 2027 година. Финализиран е и проектот за државен батериски систем со капацитет од 300 MWh во соработка со ЕБОР, воведена е обврска за батериски системи за складирање енергија, воспоставен е ГИС-систем за дигитализација на постапките за ветерна енергија, исплатени се над 50 милиони денари поддршка за производство од обновливи извори, а новиот Закон за обновливи извори е во собраниска процедура. Ова значи поголема домашна енергетска независност и помала изложеност на ценовните шокови.

Реклама

Усвоен е тригодишен план за реконструкција на 14 државни објекти во кои се сместени 33 институции, вреден 11 милиони евра.

Обезбедени се дополнителни 50 милиони евра во соработка со АФД, 18 милиони евра преку Светска банка и почетен капитал од 5 милиони евра за независен Фонд за енергетска ефикасност. Со новиот Закон за енергетска ефикасност воведовме обврска секоја година да се реконструираат најмалку 3% од јавните згради, како и задолжително поставување соларни панели на новите и реконструираните јавни објекти.

Ја активиравме праведната енергетска транзиција преку Советот за праведна транзиција и 61 конкретна мерка со кои се обезбедува зелениот премин да биде економски одржлив и социјално праведен.

Обезбедивме и силна меѓународна поддршка од 65,7 милиони евра од Европската комисија преку Планот за раст за Западен Балкан, 5,2 милиони евра ИПА средства, како и забрзување на реализацијата на енергетските интерконектори со Албанија, Грција и Србија.

Продолжуваме да градиме енергетски систем кој е сигурен, модерен и одржлив, во интерес на секое домаќинство и на идните генерации.