Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Манасиевски: СДСM и Филипче со години молчеа за небезбедната вода, а денес глумат загриженост за граѓаните

СДСM и Филипче се обидуваат да собираат политички поени на темата вода…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM и Филипче се обидуваат да собираат политички поени на темата вода во Гостивар, а со години не кажаа ниту збор за случаите на небезбедна вода кои биле евидентирани додека токму тие ја водеа државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски.

Деновиве објавивме документи, кои јасно покажуваат дека надлежните институции во нивно време располагале со информации за небезбедна вода во повеќе населени места. Но, наместо решенија и транспарентност, граѓаните добија молк.

СДСM и Венко Филипче должат одговор на три едноставни прашања.

Реклама

Зошто не ги известиле граѓаните за наодите?

Колку од тие случаи биле целосно отстранети?

И третото и најважно, со кое лице бараат одговорност за нешто што самите со години не го решавале?

Не може исти луѓе кои со години беа власт, денес да се претставуваат како да немаат никаква одговорност за состојбите што ги оставиле зад себе.

Наместо политички театар, СДСM и Филипче, треба да им објаснат на граѓаните зошто ништо не направиле додека ја имаа целата институционална моќ во свои раце.

Прашање: Кој е вашиот став за денешното обвинување од страна на СДСM дека наводно се создава терен за прифаќање на француски предлог?

Одговор: Хистеријата во СДСM е на завидно ниво. Талогот од СДСM веќе не знае што повеќе да излаже. Ќе ве потсетам, лажеа со години дека ќе банкротираме во 2024 година, во 2025 година. Еве сега сме 2026. Не банкротиравме. А лажат дека ќе банкротираме и оваа година.

Лажеа и за ИПАРД програмата, дека ќе биде блокирана, дека парите нема да бидат наменети за земјоделците, но еве и таа лага се распрсна како меур од сапуница.

Лажеа за мигрантите. Ќе ве потсетам, велеа дека ќе дојдат во март, април, мај, јуни. Еве сега сме август. Нема ни трага ни глас од никакви мигранти по договорот со Обединетото Кралство.

Лажеа за извештајот на европратеникот Томас Вајц. Лажеа, а сега денес слушаме и дека ние ќе го прифатиме тој француски предлог. Ние во Собранието имаме 2/3 мнозинство. Доколку сакавме да го направиме тоа, ќе го направевме. Немаше да чекаме волку голем период.

Да резимирам, сè што говори талогот од СДСM е сосема спротивно од вистината.