Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Почнува 52. Ликовна колонија „Куманово 2026“, ќе учествуваат 13 уметници од пет земји

Во организација на НУ Музеј-Куманово, со поддршка на Министерството за култура и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на НУ Музеј-Куманово, со поддршка на Министерството за култура и туризам и под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, утре ќе започне 52. издание на ликовната колонија „Куманово 2026“. Колонијата ќе се одржи во комплексот етно-село Тимчевски од 6 до 11 август, а во нејзината реализација учествува и Фондацијата за култура и спорт. На годинашното издание ќе творат тринаесет ликовни автори од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија и Романија: Александар Џинго, Ферди Булут, Ања Стојадиновска, Ивана Ожетски, Новак Новаковиќ, Бисер Кирилов, Теодора Ракиџиќ, Софија Ракиџиќ, Снежана Мелник, Костин Братеану, Зоита Делиа Калинеску, Емилија Јанциќ и Страхил Петровски.

– Уметниците ќе создаваат дела на слободна тематика, а за време на престојот ќе ги посетат и културно-историските знаменитости во Куманово и неговата околина. Новосоздадената продукција ќе биде претставена пред јавноста на 10 август во 20 часот, кога ќе биде отворена изложба на делата создадени за време на колонијата- изјави, Драгана Спасковска, кустос советник, историчар на уметноста од НУ Музеј Куманово.

Ликовната колонија „Куманово“ е една од најстарите и најреномирани ликовни манифестации во државата. Првото издание било организирано во 1974 година во конаците на манастирот „Свети Прохор Пчињски“, а и покрај промените на локацијата низ годините, манифестацијата бележи континуитет повеќе од пет децении. Благодарение на долгогодишната традиција, НУ Музеј-Куманово денес располага со уметнички фонд од повеќе од 700 слики и скулптури создадени на претходните изданија на колонијата.