Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Азески: За одржлив локален економски развој потребно е активно партнерство меѓу државата, локалната самоуправа и приватниот сектор

Поголема соработка меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, поттикнување на инвестициите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголема соработка меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, поттикнување на инвестициите и искористување на туристичкиот и економскиот потенцијал на општина Чучер Сандево беа во фокусот на работниот состанок меѓу претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, и градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Зоран Бајовски.

На состанокот присуствуваа и Драганчо Апостолски, советник во Дирекцијата за економска и јавна дипломатија, и Љупчо Велковски, сопственик на ИНБОКС Тренинг Центарот, каде што се одржа средбата.

Во разговорот, информираат од Комората, беше нагласена потребата од создавање подобри услови за развој на микро-стопанството и малите бизниси, како и за поттикнување на нови инвестиции во општината.

Реклама

Претседателот на Комората, Азески нагласи дека за реализација на потенцијалите и создавање услови за одржлив локален економски развој е потребно активно партнерство меѓу државата, локалната самоуправа и приватниот сектор. Во тој контекст, значајни се и можностите за развој на претприемништвото и создавањето услови за започнување сопствен бизнис и развој на туризмот како значајна извозна гранка.

Градоначалникот Бајовски ја истакна заложбата да се промени досегашната слика за Чучер Сандево и општината да се позиционира како атрактивна дестинација за туристи, но и како место во кое стопанствениците ќе препознаат можност за инвестирање и развој на бизнис.

Општината располага со значаен природен и културно-историски потенцијал и големиот број цркви и манастири кои, како што беше посочено, може многу повеќе да се искористи за развој на туристичката понуда.

На состанокот на претседателот на Комората Азески му беше доделена и благодарница за поддршка и развој на локални и рурални бизниси. 

Чучер Сандево е една од поголемите приградски рурални општини и се наоѓа во непосредна близина на главниот град. Располага со значителни природни ресурси-шумските предели и планинската местоположба создаваат услови за чист и квалитетен воздух и развој на активности поврзани со природата, спортот и рекреацијата. Дополнителна предност е и тоа што во општината нема индустриски капацитети што би претставувале значаен извор на загадување.